Македонија
Да ја спасиме малата Бисера која е на чекор да му се израдува на животот, да донираме и помогнеме за нејзино лекување!
Почитувани читатели, потребни и сме на малата ХРАБРА и на сите добро позната Бисера уште еднаш. После две годишни испитувања и агонии поминати низ македонските болници, на Бисера и е дијагностицирана „ТЕ ФИСТУЛА“. Тогаш, родителите на ова мало девојче одлучија да бараат помош надвор од Македонија.
Бисера е сега примена во болница во Турција каде што треба ИТНО да се оперира, за таа цел потребни се се 30.000 евра за операцијата, кои што семејството без наша помош неможе да ги покрие.
Ве замолуваме кој е во можност и колку може да помогне за конечно Бисера да може да се радува на животот како и секое останато дете.
Во прилог ви доставуваме повеќе опции за донирање.
За корисниците на мобилни услуги во Македонија, донирајте на броевите – Т – Мобиле: 143 118 / А1: 143 478
Жиро сметка 250-5000236270-55
Оливер Ристески
Шпаркасе Банка IBAN code: MKD07250780006344648
Swift INSBMK22
Или за луѓе кои живеат надвор од Македонија директно на линков или на горе наведената жиро сметка.
На сите кои им е полесно да донираат преку електронски пат, истото можат да го направат преку фејсбук мрежата „Fundraiser“ – ТУКА
Ајде чесни луѓе, да го спасиме ова мало детенце и конечно да му се израдува на животот, тоа сме го покажале до сега!
НАПРЕД!
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт1 денКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин2 денаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (6 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (5 декември)
-
Lifestyle1 ден(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Временска прогноза2 денаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
-
Временска прогноза12 часаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија1 ден„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
