Следете не

Магазин

БИТКОИН ДЕНЕС: Пазарот стабилен, ниска активност на пазарот

Објавено пред

на

Пазарот на криптовалути поврати 3,3 отсто од својата вредност во последните 24 часа, а капитализацијата моментално е 2,32 трилиони долари.

Истовремено, Биткоинот ја зголеми вредноста за 2,8 отсто и се тргува по цена од 48.799 долари.

Етерум врати 2,2 отсто од својата вредност во последните 24 часа и е проценет на 3.902 долари.

/Blic/

Lifestyle

Моторџиите и оваа година ќе го одбележат 8-ми септември ден на „Независноста на Македонија“ по триесет и првиот пат со мото турнеа

Објавено пред

на

Единствен настан кој излезе поотпорен од пандемијата е мото релито во честа на „Независноста на Македонија“ кој не престана да се одржува од осамостојувањето. Оваа година по триесет и прв пат ќе се одржи релито со старт на плоштадот Македонија во Скопје, а трасата кој ќе ве води низ нашите градови ќе се извози во 3 етапи, односно во 3 дена по следниот распоред:

Почеток во 10 часот од Плоштадот Македонија во Скопје (02.09.2022)

Ден 1: Скопје – Куманово – Свети Николе – Кочани пауза, Доручек-Виница – Берово – Струмица пауза за освежување – Дојран – Ноќевање. Вечера 20.00ч на плажа “Стејџ” каде ќе има организирана забава

Ден 2: Дојран – Гевгелија – Неготино – Кавадарци – пауза освежување – Прилеп – Битола – Ресен – Охрид – Ноќевање. Вечера во ресторан Бонанца до Хотел Силекс Охрид во 20.00 час.

Ден 3: Охрид – Кичево пауза освежување – Стража – Тетово – Скопје

Финиш во Скопје пред Спортска сала Борис Трајковски.

Котизацијата за учество во настанот изнесува 1.200 денари за возачот и 1.000 денари за совозач доколку го има. Пријавувањето е најдоцна до 26-ти август на следната сметка или во просториите на Федерацијата:

Жиро сметка: 210-0629307701-96
Назнака: Котизација за Рели Македонија 2020
Мотоциклистичка Федерација на Македонија
Банка: НЛБ Тутунска Банка Скопје.

Порта.мк ќе учествува на турнеата, така што заедно со Мотори ќе го покриваат настанот со убави фотографии!

Повеќе инфо: ТУКА

Прочитај повеќе...

Магазин

Android 13 е тука, погледнете што има ново

Објавено пред

на

Android 13 носи бројни визуелни промени, но и значителни подобрувања во приватноста. Моментално е достапен за телефоните на Google Pixel, а моделите од други производители ќе го добијат подоцна оваа година

Оваа недела Google го објави Android 13, најновата верзија на нивниот мобилен оперативен систем. Ажурирањето е веќе достапно за поддржаните модели на Google Pixel, додека за мобилни телефони од други производители ќе пристигне подоцна оваа година.

Има многу промени, најмногу козметички. Исто така, постои можност за прилагодување на иконите на апликациите што не се од Google за да одговараат на позадината на почетниот екран, а медиа плеерот автоматски го менува својот изглед во зависност од музиката или подкастот што го слушате во тој момент.

Android 13, исто така, носи голем број подобрувања во приватноста. Апликациите веќе нема да имаат пристап до целата медиумска библиотека на корисникот и способност да испраќаат известувања стандардно, а историјата на копираниот текст автоматски ќе се отстранува по одредено време, особено ако се работи за некои чувствителни податоци како е-пошта, телефонски броеви, и слично.

Има поддршка и за просторно аудио со следење на главата (Spatial Audio), што би требало значително да го подобри искуството при слушање музика. Покрај тоа, Bluetooth Low Energy Audio е исто така поддржан за подобар квалитет на звук при помала бит-стапка и намалена латентност.

Јазиците ќе може да се менуваат во зависност од апликацијата, а режимот „Bedtime“ е освежен. Таблетите добија ажурирана лента со алатки која го подобрува мултитаскингот и сега ја имаат таканаречената „palm rejection support“, благодарение на која повеќе нема да има случајни допири на раката при користење на пенкалото.

Дополнително, third party апликациите за камера ќе можат да снимаат HDR видеа, а наскоро ќе може да се копираат содржини како што се URL-адреси, слики или текст од телефон со Android на таблет со Android или обратно. Повеќе информации за Android 13 се достапни на официјалната страница на Google.

Прочитај повеќе...

Магазин

Apple го наоѓа својот следен голем бизнис: прикажување реклами на вашиот iPhone

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Рекламите досега беа прикажани во апликациите App Store, News и Stocks, а се чини дека Apple планира да ги прошири и на Maps, Books и Podcasts.

Apple ќе воведе повеќе реклами на претходно инсталираните апликации на iOS, iPadOS и MacOS, со што ќе создаде нов извор на приход. Според известувачот на Блумберг, Марк Гурман, компанијата веќе интерно тестира нов модел на рекламирање во својата апликација Мaps, која прикажува препораки врз основа на пребарувањата на корисниците.

Инаку, Apple веќе прикажува реклами во апликациите App Store, News и Stocks, како и на платформата TV+. Така, програмерите можат да му платат на Apple за нивната апликација да биде прикажана на одредени страници во App Store, а како што истакнува Гурман, истиот принцип ќе важи и за рекламите во Maps. Со други зборови, ако ресторанот плати одредена сума пари, тоа ќе им се прикаже на корисниците на врвот на резултатите од пребарувањето.

Покрај Maps, Гурман верува дека Apple би можел да воведе реклами и во Podcast и Books. Дополнително, тој додава дека компанијата ќе ги прошири рекламите и во другите делови на App Store, за што се „шушка“ од минатиот месец. За потсетување, Apple воведе реклами во својата продавница за апликации за прв пат во 2016 година, што многу корисници не ги поздравија во тоа време.

/Bloomberg

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle3 часа

Моторџиите и оваа година ќе го одбележат 8-ми септември ден на „Независноста на Македонија“ по триесет и првиот пат со мото турнеа

Единствен настан кој излезе поотпорен од пандемијата е мото релито во честа на „Независноста на Македонија“ кој не престана да...

Македонија3 часа

МВР и РСБСП денес беа помеѓу граѓаните на автопатот „Пријателство“ и реализираа превентивна акција „Вози одморен“

Денеска на автопатот „Пријателство“, на првата наплатна рампа до граничниот премин Богородица, Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност...

Автомобили3 часа

Дали е ова иднината? Податоците од инструмент таблата ќе бидат проектирани на патот ВИДЕО

Ford би го отстранил главниот дисплеј, па возачот нема да мора да го приспособува својот вид на различни растојанија бидејќи...

Автомобили4 часа

Електричните автомобили стануваат поскапи од оние со класичен мотор

Додека инфлацијата во Германија е невообичаено висока, новите електрични автомобили поскапуваат побрзо од оние со мотори со внатрешно согорување, покажа...

Кичево4 часа

GIG OFF оваа сабота во Република 96250

Повелете на извонредна Rock & Roll забава со легендарниот Сашо Гигов Гиш и неговиот бенд Gig Off. Оваа сабота –...

Магазин5 часа

Android 13 е тука, погледнете што има ново

Android 13 носи бројни визуелни промени, но и значителни подобрувања во приватноста. Моментално е достапен за телефоните на Google Pixel,...

Магазин5 часа

Apple го наоѓа својот следен голем бизнис: прикажување реклами на вашиот iPhone

Рекламите досега беа прикажани во апликациите App Store, News и Stocks, а се чини дека Apple планира да ги прошири...

Магазин5 часа

Џиновската ракета на НАСА ќе тргне на својата прва мисија кон месечината

За мисијата на 29 август, наречена Artemis 1, капсулата Orion ќе се лансира на врвот на беспилотниот Space Launch System...

Магазин6 часа

AMD ќе ги претстави своите Ryzen 7000 десктоп процесори на 29 август

Настанот во живо ќе сподели повеќе информации за првите Zen 4 процесори. Нема да морате да чекате уште многу за...

Автомобили6 часа

Гигафабриката на Tesla во Шангај произведе милион автомобили

Tesla има произведено преку 3 милиони електрични возила до денес. Фабриката во Кина е од витално значење Затворањето на фабриките...

НАЈЧИТАНИ