Автомобили
BMW се префрла на Android Automotive од следната година

Повеќето возачи со телефони со Android се потпираат на Android Auto во нивните автомобили, се разбира ако е Android Auto поддржан. Постои голема разлика помеѓу проектирање на вашиот паметен телефон на екранот на вашиот автомобил и возило со Android или Android Automotive.
За оние кои не знаат, Android Automotive е комплетен оперативен систем кој се наоѓа на автомобил, додека Android Auto е способноста на вашиот автомобил да проектира функционалност и апликации од вашиот телефон на екранот. Слично како кога имате можност да споделите видео на YouTube на TV или кога TV има оперативен систем Android кој се справува со целиот паметен дел.
Android Automotive станува се попопуларен кај производителите на автомобили, па од 2023 година и BMW ќе се најде на листата на компании кои го поддржуваат. Секако, BMW ќе има своја верзија на корисничкиот интерфејс, која како основа ќе го користи Android Automotive. Ова е голема промена во споредба со претходните Linux верзии на оперативните системи кои сега се инсталирани во автомобилите на BMW од новата генерација.
BMW официјално потврди дека ќе се префрли на Android Automotive, но засега е само познато дека тоа нема да се случи пред март 2023 година, а производителот ќе објави листа на поддржани автомобили.
Главната предност на оперативниот систем Android Automotive е неговата флексибилност и опции за прилагодување. Надвор од вградените апликации на Google како Play Store, Maps и Assistant, не очекувајте BMW веднаш да го прифати изгледот и чувството на Android. Овој производител речиси сигурно ќе направи преодно решение кое нема премногу да отстапува од сегашниот Linux OS.
Исто така, ќе нагласиме дека BMW е една од компаниите која малку поконзервативно пристапи кон соработката со компании како Google. Од летото 2020 година, BMW го претстави Android Auto како опција по долгогодишна поддршка за CarPlay.
Автомобили
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.
Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.
Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА
Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:
Автомобили
Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.
Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.
Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.
Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.
Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.
Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.
Извор: BUG
Автомобили
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)
Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.
И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!
Мал дел фотографии:
-
Lifestyle2 дена
Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher
-
Хроника2 дена
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за среда (15 октомври)
-
Временска прогноза18 часа
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести
-
Хроника14 часа
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
-
Технологија2 дена
Денес по десет години завршуваат безбедносните надградби за „Windows 10“
-
Здравје и убавина2 дена
Неколку совети за слабеење и покрај слабо поседување на време и внимание за себе
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за четврток (16 октомври)