Следете не

Кичево

ОВР Кичево: Во четврток поради „боево гаѓање“ во с.Осој времена забрана за движење во реон према стрелиштето

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани граѓани на Кичево и околината на ден 30.05.24 четврток со цел безбедно изведување на боевото гаѓање на припадниците на МВР во рамките на нивните активности ќе одржат боево гаѓање со пешадиско вооружување на гарнизонското стрелиште на АРМ кај с.Осој-Кичево, се известува месното население од населените места с.Осој, Кнежино, Раштани како и граѓаните на град Кичево, во временскиот период од 07:00 до 17:00 часот да не се упатуваат на стрелиштето или неговата околина, со цел напасување на стока и изведување било какви други работи, за јавноста преку нашиот медиум информираат од ОВР Кичево.

Кичево

(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП

Објавено пред

на

ФОТО: Свештена Пречистанска Обител „Благовештение на Пресвета Богородица“

Со поддршка од Европската Унија, преку проектот „АгроСмарт“ кој се реализира од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во соработка со „Хемера“ и „ЦЕП Можности“, во Кичево е поставен уред што нуди современ начин за набавка на свежо млеко.

Жителите на Кичево и околината отсега можат да уживаат во природно кравјо млеко произведено од Земјоделската задруга „Крнино“, составена од членови на Манастирот „Св. Богородица Пречиста“.

„Млекото што го добиваат потрошувачите е целосно свежо, со сочувани хранливи вредности, без конзерванси и додатоци, и е пласирано во строго контролирани хигиенски и температурни услови. Покрај млеко, на располагање има и сирење,“ изјави Станоја Станојоски, како претставник од манастирот.

– Г-дин Лазар Неданоски од МРФП исто така истакна дека млекоматот претставува добар пример за модернизација на фармите во земјава и нов начин на приближување на локалните земјоделски производи до потрошувачите со поддршка од ЕУ.

На настанот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Цветан Трипуновски, кој потенцираше дека обновувањето и современиот пристап во земјоделието се меѓу главните цели на министерството.

Во рамки на промоцијата, беше организирана и посета на фармата во близина на Манастирот „Св. Богородица Пречиста“, каде што е воспоставена линија за молзење крави и современа млекарница за производство на различни млечни производи.

Прочитај повеќе...

Кичево

Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош

Објавено пред

на

©porta.mk

Утрово нешто по 07:20ч во Кичево на бул. „Ослободување“ се случил немил настан, имено автомобил удрил повозрасен пешак. Увид на лице место извршиле ОВР Кичево, каде привремено додека траел увидот едната делница на булеварот била блокирана за секаков сообраќај. Според очевидци во близина, веднаш по настанот медицинска екипа при Општа болница Кичево брзо интервенирала, укажувајќи брза помош на учесниците.

Подетални и официјални информации за здравјето на пешакот и возачот на автомобилот немаме, но според неофицијални извори пешакот своето лекување ќе го продолжи на комплекс клиники во Скопје.

Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај

Објавено пред

на

ФОТО: knezino.mk

Во понеделник, 25 август 2025 година, ГД „Гранит“ АД Скопје, изведувач на работите на Автопатот А2 Кичево–Охрид, ќе започне со асфалтирање на девијацијата кај месноста Крушино, заедно со надпатникот на км 0+780.

Работите според известувањето ќе се одвиваат во следните периоди:

* од 08:30 до 10:00 часот – при започнување на активностите,

* од 13:00 до 14:30 часот – при завршување на асфалтирањето.

– Апелираме до жителите и граѓаните, доколку немаат итна потреба, да го избегнуваат користењето на локалниот пат кон с. Кнежино, со цел да се намалат метежите и застои во сообраќајот, како и да се овозможи непречено изведување на градежните работи, известува ГД „Гранит“ АД Скопје, а пренесе МЗ Кнежино преку нивното е-гласило.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за вторник (26 август)

Овен Бидете смирени и стратегиски спремни — планирањето ќе донесе напредок и препознавање на работа. Финансиите бараат претпазливост. Во љубовта,...

Спорт3 часа

Започна онлајн продажбата на билети за натпреварот Белгија – Македонија во Гент, да дадеме поддршка за Македонија на овој значаен меч!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги извести љубителите на фудбалот дека започна продажбата на билети за квалификацискиот меч за Светското...

Спорт3 часа

Младиот дански голгетер Конрад Хардер пред трансфер во Милан?

Данскиот голгетер Конрад Хардер е пред трансфер во Милан. Според најновите информации, неговиот сегашен клуб Спортинг и италијанскиот гигант постигнале...

Кичево12 часа

(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП

Со поддршка од Европската Унија, преку проектот „АгроСмарт“ кој се реализира од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во соработка...

Македонија12 часа

МВР со детали за инцидентот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, каде се одигра првенствен фудбалски натпревар

На 24.8.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 11:40 часот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, за време на...

Автомобили12 часа

РКЕ: Од полноќ поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар источено гориво на малопродажните објекти

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Македонија14 часа

Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

На 24.08.2025 во 17:58 часот на автопатот Скопје-Тетово, на место викано „Студена вода“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле...

Автомобили14 часа

Рекорден број автомобили во Германија – нови податоци за моторизацијата

На почетокот на годината, Германија забележа рекорден број на регистрирани патнички автомобили. Според податоците на германскиот завод за статистика Destatis,...

Спорт15 часа

ФФМ со најостра осуда за немилиот настан кој се случи на мечот помеѓу ФК Шкупи и ФК Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најостра осуда реагира на инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските...

Кичево16 часа

Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош

Утрово нешто по 07:20ч во Кичево на бул. „Ослободување“ се случил немил настан, имено автомобил удрил повозрасен пешак. Увид на...

НАЈЧИТАНИ