Следете не

Култура

Бог се јави – Навистина се јави! За многу години „Богојавление Водици“

Објавено пред

на

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.

Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.

Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.

И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.

Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан н ? просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна.

И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Музика

(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.

„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“

дел од моќните стихови на песната. 

Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.

Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Славата на светиот Крст во преубавиот Манастир Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица

Објавено пред

на

©porta.mk | ©bigorski.org.mk

Торжествата во чест на Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Господов во свештената Обител на Светиот Великомаченик и Победоносец Георгиј во Рајчица, го достигнаа својот врв на светото литургиско собрание, предводено од нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј. Заедно со него, во овој врховен светотаински чин сослужуваа и архимандритите, јеромонасите и јероѓаконите на Бигорската Обител, а беа придружени и од нашиот долгогодишен собрат и почитуван пријател, отец Давид Сомалис, претставник на Архиепископијата на Тијатир – Православната Црква во Обединетото Кралство, како и од дебарскиот свештеник, о. Миле Ангеловски. Утрената богослужба и евхаристиското Таинство беа украсени со молитвените и слаткогласни напеви на нашите драги гости, псалтите Јоргос Савас и Атанасиос Куѓас, како и на хорот на Бигорскиот Манастир.

Целиот овој настан, во својот духовен и таинствен тек, ја носеше во себе длабоката симболика на Крстот, кој преку молитвените и умилителни стотици „Господи помилуј“ се спушташе и се издигаше пред нашите очи, како да сакаше да нѐ повика да навлеземе во длабините на неговото спасоносно значење. Ова таинство, скриено во самиот центар на христијанската вера, го открива Крстот како симбол на жртва и смирение, но истовремено и на воскресение и победа над смртта. Беше тоа жива поука, која нѐ повикуваше првин да се симнеме во себеси, да ги согледаме нашите падови и страсти, длабоко закопани во срцето, и со скрушеност и покајание да ги исповедаме пред Бога, за да примиме очистение и мир на внатрешниот човек.

Овој пат, кој е неизбежен за секој Христијанин, не е пат само на болка и страдања, туку е пат кон вистинското воскресение – преобразба на нашата ранливост и немоќ во ново, обожено битие. Само откако ќе се смириме во своите срца пред Крстот, ќе можеме да ја разбереме и вистинската сила која тој ја носи во себе. Тоа е силата на љубовта која победи, која се разоткри на Голгота и која продолжува да обединува, да надминува секој раздор и разделба. Во светот што се распаѓа под тежината на своите страсти и оттуѓеност, Крстот се јавува како единствениот столб на вистината и љубовта, преку кој се обновуваат и утврдуваат сите што искрено пристапуваат кон него.

Затоа, вдахновиме од овие торжествени мигови, ги вознесеме своите мисли кон Крстот и се молиме да станеме преносители на неговото обединувачко дејство, сведоци на спасоносната љубов која Христос ја покажа преку Своето Распетие. Со таа сила, нашиот збор може да стане жив и дејствителен, да ја зацврсти верата кај нашите солуѓе и да ги поттикне на подвигот на вистинската, пожртвувана љубов, што во суштина е срцевината на христијанскиот живот.

А има ли посилни зборови за ова од оние изречени од устата на нашиот Старец, во неговата инспиративна и полнотаинствена беседа? Неговите зборови нѐ повикаа да не гледаме на Крстот само како на орудие на страдање, туку како на патоказ кон преобразбата и спасението. Така, преку неговите зборови и пример, сме охрабрени да го носиме и споствениот крст со вера и надеж, зашто токму таму, во смиреното и во доброволно прифаќање на Крстот, ние ја наоѓаме вистинската слобода и радост на животот во Христа. Оваа беседа нѐ потсети дека Крстот, со своето длабоко таинство, не е само знак на болката, туку и на конечната победа над секој грев и смрт. Тој останува столб на вистината и на светлината во секое време и за секоја епоха, повикувајќи нѐ секогаш да Му се поклонуваме и да го бараме Неговото моќно воздејствие, преку кое и ние, како светите маченици и исповедници, се издигнуваме во полнотата на животот што Христос ни го подари, вели соопштението на Бигорски.

Повеќе фотографии од овој Господов настан ќе најдете на официјалниот линк од Бигорскиот Манастир – ТУКА, додека во продолжение исто така проследете го чествувањето во Навечерието ден пред Крстовден – ТУКА

Прочитај повеќе...

Култура

(ВИДЕО) Духовен подвиг во Манастир Пречиста – сестра Текла и нејзиниот монашки завет

Објавено пред

на

©porta.mk

Со радост го споделуваме ова возвишено видео, кое ги доловува светите моменти од прославата во Манастирот Пречиста Кичевска, при монашењето на сестра Текла, на празникот Рождество на Пресвета Богородица (20/21 септември 2024). Овој духовен настан, исполнет со небесна благодат, го означи почетокот на новиот живот на сестра Текла во Христа, посветувајќи го своето битие на монашкиот пат.

Видеото содржи величествени кадри од манастирската слава и светиот чин на монашењето, умешно монтирано од Александар Пауновски, кој истовремено е и главен снимател на видеото. Во снимањето учествуваше и Дарко Цветаноски, чии дополнителни кадри ја збогатуваат атмосферата, а воздушните снимки се дело на Никола Наумовски, кој користеше дрон за да ги прикаже манастирот и неговата околина од височина. Музичката придружба е дело на Петар Христов, кој свири на критска лира и кларинет, со клавирска поддршка од Симон Облешевски, додека музичката продукција и обработката беа реализирани од Горан Трајковски – Готра.

Фотографите на овој значаен настан беа Давор од Порта.мк, Дарко Цветаноски, Никола Наумовски, Томе Љушев и Јован Ангелески, кои со своите фотографии дополнително ја доловија атмосферата и убавината на монашкиот чин. Нивните фотографии, заедно со видеото, ги пренесуваат најдлабоките моменти на радост и духовност што ги доживеа монашката заедница и присутните верници.

Во целото видео се чувствува тивка радост и духовен мир, додека сестра Текла, под духовното раководство на својот отец, епископот г. Партениј, ги положува заветите и го добива светото име на првата маченичка и рамноапостолна света Текла. Монашкиот постриг беше извршен од пастирските раце на Високопреосвештениот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој со својата благодат ја воведе сестра Текла во монашкиот живот, благословувајќи го нејзиниот нов духовен пат.

Погледнете го целосното видео тука: Монашење во Пречиста – монахиња Текла

Ве повикуваме да бидете сведоци на овој благословен момент, кој сведочи за живата традиција на православното монаштво, каде љубовта, смирението и посветеноста кон Бога го водат верниот народ. Нека патот на сестра Текла во служба на Христа биде инспирација и светлина за сите кои ја бараат вистинската смисла на христијанскиот живот.

Кредити за продукцијата:
🎬Видео монтажа: Александар Пауновски
📽️ Видео: Александар Пауновски, Дарко Цветански
🚁 Дрон: Никола Наумовски
⛪ Продукција: Бигорски Манастир
🎼 Музика: Петар Христов
🎺 Критска лира: Петар Христов
🎹 Клавир: Симон Облешевски
🎚️ Музичко студио и обработка: Горан Трајковски – Готра

Не го пропуштајте ова духовно сведоштво за верата и посветеноста!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили56 минути

Кога е најдобро време да го продадете вашиот автомобил?

Неколку фактори влијаат на тоа дали добивате пари за вашиот автомобил колку што очекувате. Еве што велат експертите. При продажба...

Магазин57 минути

САД размислуваат за поделба на Google на неколку помали компании

Се чини дека одвреме-навреме слушаме за нови иновации во технологијата на батерии што ќе ја револуционизираат индустријата и ќе донесат...

Магазин58 минути

Оваа апликација „јаде“ најмногу мобилен интернет: Google Maps е само на шестото место

Високо второ место е апликацијата за социјални медиуми Сајтот Holafly ги идентификуваше апликациите кои трошат најмногу интернет податоци . Како што истакнуваат, за...

Без категорија1 час

Samsung Galaxy A16 5G ќе биде првиот буџетски телефон со шестгодишни ажурирања на Android

Samsung открива детали за Galaxy A16 5G, првиот буџетски телефон на компанијата кој гарантира шест генерации надградби на Android. Samsung,...

Македонија6 часа

На малопродажните објекти авто-плинот со нова покачена цена за литар

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес се продава со покачена цена за литар, односно цената е зголемена за 2,5 денари....

Хороскоп12 часа

Хороскоп за среда (9 октомври)

ОВЕН Ќе оставите многу позитивен впечаток при нов деловен разговор. Може да очекувате поволна фаза на работа. Личност која живее...

Кичево14 часа

(ФОТО) Вечерва во преполна сала се одржа третиот по ред „Концерт на млади пијанисти“ во Кичево, аплауз и честитки до сите учесници, кои им претстои богата музичка кариера

Вечерва во преполна сала кичевчани присуствуваа на третиот по ред „Концерт на млади пијанисти“ во покровителство на претседателот на Музичка...

Кичево17 часа

Кичевчанец додека го шетал своето куче бил нападнат од глутница кучиња скитници

На 07.10.2024 во 12.15 часот, А.Ф.(35) од Кичево во полициска станица пријави дека на улица „Ленинова“ во Кичево, додека го...

Спорт1 ден

Канатларовски: Молдавија ја дочекуваме со посебна желба и енергија за победа

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, официјално во Скопје ги започна подготовките за октомврискиот цуклус на квалификации за пласман...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (8 октомври)

ОВЕН Многу сте одлучни кога станува збор за работата и сигурни сте дека можете да го остварите она што го...

НАЈЧИТАНИ