Кичево
Цветановска-Трајкоска: Граѓаните за брзо ќе ги увидат придобивките од нашето работење во „Општата Болница“ – Кичево

Денес во „Општата Болница“ – Кичево во официјална посета беше министерот за здравство Г-дин Арбен Таравари, каде оствари состанок со новото раководство и се запозна со сите проблеми и недостатоци на установата.
Г-дин Таравари вети дека во најбрз можен рок ќе ги реализира првичните недостатоци кои ги мачат кичевчани, но и пациентите од околината.
Г-ѓа Цветановска-Трајковска пред медиумите исто така истакна дека стекнатата моментална состојба на установата е во очајна состојба, пред сè од медицински кадар.
– Нашето одделение каде што сум јас Гинеколог-Акушер остана само со еден Гинеколог иако работиме со полн ек, имаме само еден Анестезиолог, така што веднаш го известивме Министерот, што поскоро да се пуштат специјализации, за да може да се функционира како порано.
Што се однесува до флексибилноста на работата, направивме план за позајмување на Доктори, затоа што од она што го видовме, станува збор за многу лоша состојба, додека од финансиски погледи нашата Болница мора да признаеме дека е во огромен минус, така што по состанокот со Министерот Таравари и Директорот на Здравствениот дом Г-дин Генц Селмани, мислам дека со сите расположливи сили ќе се справиме со наследената ситуација и граѓаните конечно ќе увидат дека сликата за брзо ќе се промени и придобивките за граѓаните од ова раководство ќе бидат воочливи, за Порта.мк и локалните медиуми истакна Директорката на ЈЗУ Општа Болница – Кичево, Г-ѓа Маја Цветановска-Трајкоска.
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија13 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин10 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации