Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) ТППЕ Кичево и Авијација денес на работ на задачата спречија пожар дојден речиси до живеалишта
И денес пожарникарите од ТППЕ Кичево беа на работ на задачите во кичевскитр села Зајас и Бачишта, каде огнената стихија проголта мешана шума.
Благодарение на екипираните пожарникари од Кичево и Авијацијата која е за сите почести периодов огнот беше изгаснат речиси до самите живеалишта сведочат мештаните.
За сега според последните информации пожарите на овој дел се ставени под контрола, додека активно се гаснеше и на територија од с.Челопеци.
Да се надеваме дека дождот ќе помогне во гаснење на пожарите на непристапните места.
Кичево
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во сабота и недела преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека отворена е сесија за упис на нови членови преку „аудиција“. Истата е закажана за 14-ти и 15-ти септември односно сабота и недела во просториите на НУЦК „Кочо Рацин“ од 12:00 до 15:00 часот.
Сите заинтересирани за упис, повеќе информации и детали ќе најдат со доаѓање во центарот за култура
Ова е и официјална страница на хорот ТУКА
Кичево
Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943 година пред 81 година станува првоослободениот град во Македонија
На денешен ден, 11 септември 1943, пред точно 81 годинa по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево. Со тоа Кичево стана првоослободениот град во Македонија. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано. Во градот била формирана народна власт во која учество зеле претставници од сите националности кои живееле во градот.
За прв пат на дело се почувствувала заедничката слобода. На 26 септември е одржан голем народен митинг. Куриозитет е тоа што на балистичките водачи им била простена соработката со италијанските и германските фашисти и дури им било доверено чување на границата кон тогашна фашистичка Бугарија во околината на Бигор Доленци. Лојалноста на овие единици била многу кратка…
За помалку од еден месец од правец на Гостивар започнува масовен германски напад кон слободната територија која е бранета на планината Буковиќ од малубројната силномотивирана чета на чело со Мирко Милески која во таа прилика е збришана. Предадени и изневерени од страна на балистите и со поддршка на бугарската авијација, партизаните се повлекуваат кон Копачка, а Кичево е повторно окупиран.
Тука, во Кичево, беше родена слободна Македонија, земја на рамноправните и слободољубиви луѓе. Вечна слава на хероите кои беспоштедно влегоа во борба и го направија големиот подвиг со кој се навести конечното ослободување на Македонија.
Кичево
Предмалку се случила сообраќајка на рег. пат Кичево-Охрид
Предмалку на регионалниот пат Кичево-Охрид, на самата клучка за Демир Хисар и Битола се случила сообраќајка каде учествувале повеќе возила.
Сообраќајот моментално се одвива наизменично, нема застој.
Екипи на ОВР Кичево веќе се на увид.
Од наши извори од терен, станува збор за верижен судар помеѓу пмв. комбе и два автомобили.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (11 септември)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за четврток (12 септември)
-
Култура2 дена
Денес е тежок празник – Отсекување на главата на Св. Јован Крстител и се јаде посно
-
Култура1 ден
(ФОТО) Во Бигорскиот Манастир тројца нови монаси во прегратките на Христовата љубов
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Репрезентацијата на Македонија пресилна на „Тодор Проески“ и со 10 играчи против Ерменија
-
Временска прогноза2 дена
Дали грејната сезона оваа година ќе започне порано?
-
Кичево1 ден
Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943 година пред 81 година станува првоослободениот град во Македонија
-
Кичево19 часа
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во сабота и недела преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење