Македонија
Бројките се намалуваат, денес 459 нови случаи на Ковид-19, починати 21 лице..
Во последните 24 часа се направени 5.416 тестирањe, а регистрирани се 459 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 235
• Штип – 30
• Тетово -26
• Куманово и Струмица – по 19
• Дебар – 13
• Гостивар, Охрид и Кичево – по 12
• Велес и Свети Николе – по 10
• Битола и Прилеп – по 9
• Крива Паланка и Струга – по 7
• Радовиш – 5
• Кавадарци и Кочани – по 4
• Богданци – 3
• Виница, Гевгелија, Кратово и Ресен – по 2
• Берово, Делчево, Македонски Брод, Неготино и Пехчево – по 1
Пријавени се 21 починато лице: 6 починати лица од Скопје (94г, 77г, 75г, 75г, 73г, 65г,), по 3 починати лица од Тетово (81г, 66г, 64г), Гостивар (84г, 67г, 59г) и Струмица (67г, 58г, 49г) , 2 починати лица од Кичево (67г, 67г) и по едно починато лице од Куманово (63г), Прилеп (69г), Битола (81г) и Неготино (69г). Пријавените починати лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 368 оздравени пациенти од:
• Скопје – 136
• Гостивар – 49
• Куманово и Кичево – по 34
• Кавадарци – 20
• Штип -18
• Прилеп, Кочани и Свети Николе – по 10
• Битола и Велес – по 8
• Радовиш – 7
• Гевгелија и Кратово- по 5
• Пробиштип – 4
• Македонски Брод – 3
• Ресен и Делчево – по 2
• Струмица, Неготино и Демир Хисар – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.188.356 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.045, бројката на оздравени пациенти е 158.809, на починати е 6.065, а бројот на активни случаи изнесува 15.171
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево19 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Кичево2 дена
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза2 дена
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Спорт2 дена
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет2 дена
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин16 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери