Македонија
ЦУК со известување за пожарот на Галичица

Пожарот на планината Галичица после интервенцијата на хеликоптерот на АРСМ и временските услови (попладнето повремено врнеше слаб дожд) во најголем процент е локализиран.
Се забележуваат уште три помали жаришта каде што сеуште чади, но се проценува дека во текот на ноќта не би требало да предизвикаат поголеми проблеми. Во текот на утрешниот ден, рано наутро екипа од околу четириесетина лица составена од припадници на ТППЕ-Охрид, НП Галичица, ПО ДЗС-Охрид, ПСС-Охрид и одреден број на волонтери ќе направат целосна проверка на опожарениот простор.
Договорена е целосна логистичка поддршка за дејствување на лицата кои ќе бидат на терен, како и механизација за прочистување на планинските патишта.
Договорено беше во текот на утрешниот ден да дејствуваат два хеликоптери, меѓутоа поради моменталната состојба со пожарот на Галичица планот е променет и прво ќе се чекаат упатства од екипата која утре изутрина ќе се обите да го ликвидира пожарот со копнена интервенција.
Доколку се појави потреба од интервенција на хеликоптерите истите ќе бидат активирани.
Извор: ЦУК
Македонија
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит.
Македонија
Полицијата за граничен надзор на „Охридско езеро“ со полни раце работа, приведен охриѓанец и албански државјанин поради незаконит риболов и влез во државата

На 22.06.2025 година во 04.35 часот во водите на Охридското езеро, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, од слобода го лишија албанскиот државјанин К.С.(47).
Поради постоење основи на сомнение за „Илегално преминување на државната граница“ и „Незаконит риболов“, него, судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка „Краткотраен притвор“.
При вршење патролни контролни активности на Охридското езеро, полициските службеници го затекнаа К.С. во неговиот пловен објект во македонските територијални води над населбата „Лагадин“, како врши незаконит риболов во водите на Охридското Езеро со помош на блинкери и по извршен преглед, пронајдени се 22 топки со 110 блинкери и друг риболовен алат кои, заедно со пловилото се одземени.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Возач од тетовско нов рекордер, возел 190 на саат на место ограничено 80 км/ч

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско.
При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (23 јуни)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C
-
Автомобили3 часа
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Магазин3 часа
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Магазин3 часа
Најбрз домашен сладолед со само една состојка