Следете не

Автомобили

Бројот на електрични автомобили во светот рапидно расте

Објавено пред

на

На крајот на 2023 година, во светот имаше речиси 42 милиони електрични автомобили, што е за 50 отсто повеќе од една година порано.

Најновото германско истражување покажува дека бројот на електрични автомобили во светот и понатаму рапидно расте.

Центарот за истражување на соларна енергија и водород (ZSW) објави податоци според кои на крајот на 2023 година во светот имало речиси 42 милиони автомобили со електрични мотори, што е за 50 отсто повеќе од една година порано.

Таа бројка се однесува исклучиво на електрични возила, плаг-ин хибриди и електрични возила со уред кој им го зголемува опсегот, пренесува Хина, повикувајќи се на агенцијата dpa.

Според ZSW, во Кина имало 23,4 милиони примероци од овој тип на автомобили, што е повеќе од половина на глобално ниво.

САД на второ место, Германија на трето место

На второ место, иако далеку зад Кина, според бројот на електрични автомобили се Соединетите Американски Држави со 4,8 милиони возила.

Германија е на трето место со 2,3 милиони, пред Франција (1,6 милиони) и Обединетото Кралство (1,5 милиони).

Најголеми производители на електрични возила и plug-in хибриди во 2023 година беа кинескиот бренд BYD со повеќе од три милиони нови регистрации, Tesla со 1,8 милиони и Volkswagen со еден милион.

Автомобили

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Објавено пред

на

©porta.mk

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.

Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.

Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА

Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:

Прочитај повеќе...

Автомобили

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

Објавено пред

на

Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Фото: Remy Lovesy @ unsplash

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.

Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.

Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.

Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.

Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.

Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.

Извор: BUG

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Објавено пред

на

©porta.mk

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)

Кристијан Бојоски (трето место)

Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.

И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!

Мал дел фотографии:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Giuseppe Peletti @ unsplash Фото: Giuseppe Peletti @ unsplash
Магазин2 часа

Google тестира нов начин за работа со повеќе апликации на Android таблети

Google започна со тестирање на нова функција што им овозможува на корисниците на Android таблети да отвораат апликации во мали...

Македонија2 часа

Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

На 04.11.2025 во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија...

Здравје и убавина4 часа

Прескокнување на доручекот на утро не е најдобра работа според експертите, во најмала рака тоа заменете го со чашка вода или парче овошје

Можеби звучи клише, но доручекот и понатаму останува најзначајниот оброк во денот без разлика колку често го заменуваме со шолја...

Временска прогноза4 часа

До петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд

Во Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за среда (5 ноември)

ОВЕН Вашата посветеност на работата на крај ќе се исплати. Може да очекувате поволен период на ова поле. Јавно покажувате...

Хроника15 часа

Д-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот

Две лица го загубија животот, а уште петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина...

Спорт20 часа

Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил

Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое...

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle1 ден

Како брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови

Затнатиот одвод е чест проблем во секое домаќинство — водата престанува да се исцедува, а мијалникот почнува да испушта непријатни...

Фото: CardMapr.nl @ unsplash Фото: CardMapr.nl @ unsplash
Магазин1 ден

Apple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација

Apple планира да воведе реклами во својата апликација Apple Maps, што значи дека корисниците наскоро ќе можат да гледаат платени...

Кичево1 ден

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте

Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата,...

НАЈЧИТАНИ