Следете не

Кичево

„CableCall“ – Кичево со одлична ТВ и Интернет понуда, од сега со одлични брзини и стабилна оптичка мрежа која ќе ги задоволи вашите интернет потреби!

Објавено пред

на

©porta.mk

Регионалниот интернет и телевизиски оператор со седиште во Кичево „Cable Call“ како што најавивме, го прошири оптичкиот мрежен систем за своите ценети клиенти. Имено токму од месец март, достапни ќе бидат неодоливите пакети на Интернет и Телевизија за новите корисници и оние кои ќе го обноват договорот на 2 години.

Контактирајте на 078/410-393 и добијте ги потребните информации, затоа што „Cable Call“ ја има најдобрата понуда во градот, стабилна интернет и ТВ линија за сите корисници!

* Да потсетиме, за најмладата генерација, веќе 1 година активен е и официјалниот гејм сервер на безвременската „Counter Strike 1.6“ на ваше барање, уникатно место за најмладата популација која секоја вечер ги користи ресурсите со најмал пинг (latency), повеќе информации ТУКА!

 

Кичево

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте

Објавено пред

на

ФОТО: НУЦК „Кочо Рацин“

Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции.

Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.

Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.

За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.

Облековниот инвентар на Ансамблот „Македонија“ се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.

Нацеловечерниот концертот на Ансамблот „Македонија“, насловен како ансамбл „Македонија“ со вас, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.

Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.

04.11.2025 г. (вторник) / 19:00ч

НУЦК „Кочо Рацин“

Влез: Слободен

Прочитај повеќе...

Кичево

Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање

Објавено пред

на

©porta.mk

Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се покажа дека токму тоа е потребно на кичевчани, така што со 14,228 гласови за разлика од опонентот кој го водеше градот три мандати кој освои 2020 гласови помалку, г-дин Јовановски стана нов гратски татко, поддржан дефинитивно од сите политички субјекти, неопределени и определени.

Популарниот „Док“, г-дин Александар Јовановски (49 год) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на албанката Линдита Лимани Јовановска (39), среќно оженет во 2014 година. Таа е магистер, професор по англиски јазик. Татко е на три деца Јана, Живко и Дафина.

Во својата богата кариера, владее одличен рејтинг, а сега народот му дава нова улога – градоначалник на град Кичево. Мултиетничка средина, во која Јовановски сигурно ќе постигне позитивни резултати.

Од нашата редакција упатуваме честитки, за успешна и плодна работа, работа која дефакто мора да стартува час поскоро. Сигурни сме во мнозинскиот избор на кичевчани, дека Докторот ќе биде со фокус на единство, прекугранично меѓуетничко разбирање, и ќе биде човек кој не гледа националност, ќе гледа работа и просперитет.

Прочитај повеќе...

Кичево

Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда

Објавено пред

на

СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево9 минути

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте

Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата,...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за вторник (4 ноември)

ОВЕН Расположението ви е нестабилно, ова е еден од оние денови кога е подобро да се повлечите и да поминете...

Кичево18 часа

Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање

Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се...

Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash
Lifestyle1 ден

Како да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома

Маслиновото масло е едно од највредните и најкористените производи во секое домаќинство. Но, токму поради неговата популарност, на пазарот често...

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
Магазин1 ден

Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии

Како што се приближува крајот на годината, сè повеќе информации излегуваат за новата серија на Samsung Galaxy S26. Според најновите...

Фото: Bryan Angelo @ unsplash Фото: Bryan Angelo @ unsplash
Магазин1 ден

Amazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија

Amazon планира да инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија во следните три години. Компанијата продолжува да изненадува со своите амбициозни...

Фото: He Junhui @ unsplash Фото: He Junhui @ unsplash
Магазин1 ден

Xiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот

Xiaomi се подготвува да го претстави својот најнов предводник – Xiaomi 17 Ultra, кој ветува значителни подобрувања во перформансите, камерата...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (3 октомври)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Технологија2 дена

„Google Maps“ има нова корисна функција

Популарната апликација Google Maps наскоро ќе добие нова и многу корисна функција режим за заштеда на батеријата. Овој необичен режим,...

Македонија2 дена

МВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид

За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места,...

НАЈЧИТАНИ