Следете не

Кичево

„Cable Call“ дополнително има потреба од канцелариска работничка како и теренски работници во одлични услови и тимска работа

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од канцелариска работничка и теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Кичево

На „Пресека“ према Охрид вчера се случила нова сообраќајка, учесниците се здобиле со тешки телесни повреди

Објавено пред

на

©porta.mk

На 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.

Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Кичевскиот храм Св.Петар и Павле за „Воскресение Христово – Велигден“ преполн со верници

Објавено пред

на

©porta.mk

И оваа господова 2025 година Православните Христијани од речиси сите страни на градот вчера дојдоа во градскиот храм Св.Петар и Павле – Кичево каде присуствуваа на полноќните богослужби по повод христијанскиот празник „Воскресение Христово – Велигден“.

– На наше огромно задоволство оваа година дворот на храмот заштитник на град Кичево беше целосно претесен за сите верници каде традиционално се собраа на соопштување на радосната вест „Христос Воскресна“, од страна на свештениците.

Радост и среќа будат најмладите кои чествуваат и ја негуваат верата, укажувајќи ни уште еднаш за важноста на овој ден и најголем празник!

Ви прилог официјална галерија преку нашиот објектив на Јован Ангелески

Христос воскресна!

Прочитај повеќе...

Кичево

СВР Охрид со детали за стравичната сообраќајка во Кичево која одзеде три животи

Објавено пред

на

ФОТО: СВР Охрид

На 18.04.2025 во 20:40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(64) од Битола, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(63) од село Горно Страгомиште, кичевско и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(38) од Гостивар.

На местото на настанот починале возачите З.Д. и Х.Е, а сопатничката од патничкото возило „опел“ Б.Е.(38) од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде починала.

Од страна на лекар констатирана била смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и неговата сопатничка А.А.(67) од село Колари, кичевско, сопатникот од возилото „мерцедес“ Д.С.(37) од Кичево и сопатниците од патничкото возило „опел“- тројца малолетници од Гостивар и Р.Е.(60) од селото Шутово, кичевско, констатирани во медицински установи во Кичево и Скопје.

На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи, за јавноста предмалку извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за среда (23 април)

ОВЕН РАБОТА: Не барајте премногу од вашите соработници. Не е ден за многу заработка. Месечината во Шкорпија им дава поголема...

Култура5 часа

(ВИДЕО) Бигорски Манастир објави видео полно воскресенска радост

По повод најрадосниот христијански празник – Велигден, Бигорскиот Манастир објави прекрасно видео кое ја доловува живата, весела и блескава атмосфера...

Автомобили5 часа

(ВИДЕО) „Mercedes-Benz“ наскоро надоградува „steer-by-wire“ технологија која не бара механичка врска помеѓу волан и предни тркала

Започнува нова ера за купувачи на „Mercedes-Benz“. Компанијата ќе биде првиот германски производител на автомобили што ќе понуди сериско возило...

Спорт6 часа

ФФМ со официјална судиска анализа на 28-то коло во првата македонска фудбалска лига, упатуваат апел за почитување поддржувајќи ги напорите за подобрување на судењето преку конструктивен дијалог

Одборот на судии во рамки на Фудбалската федерација на Македонија остануваат цврсто посветени на транспарентноста и отчетноста како основни вредности...

Македонија6 часа

МВР апелира граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно...

Магазин10 часа

В сабота на сцена традиционалниот Велигденски концерт на КУД „Рацин“

Центарот за култура „Кочо Рацин“ ве поканува на традиционалниот Велигденски концерт со КУД „Рацин“ под покровителство на кореографите Антонио Стојчески...

Македонија12 часа

МВР: 2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори...

Кичево14 часа

На „Пресека“ према Охрид вчера се случила нова сообраќајка, учесниците се здобиле со тешки телесни повреди

На 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (22 април)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Култура1 ден

(ФОТО+ВИДЕО) Во Бигорскиот Манастир и оваа година величествена прослава за Воскресение Христово – Света Пасха

Во болскотот на оваа ноќ посветла од сите дни, кога сета твар замолчува пред славата на непобедливата Светлина, Свештената Бигорската...

НАЈЧИТАНИ