Македонија
Цената на авто-плин невообичаено расте за овој период од годината, од денес се продава со нова покачена цена за литар
По само една седмица од последното покачување на авто-плинот, од денес на повеќето малопродажни објекти плинот е со покачена цена за литар. Цената на авто-плинот (тнг) се зголеми за 1 денар и моментално се продава 45,50 денари за литар, додека за останатиот дел објекти новата цена на плинот ќе стапи на сила од вечерва.
Продолжува трендот на поскапување на нафтените деривати, така шѕо како што знаеме авто-плинот не е под Регулаторната Комисија за Енергетика, но поскапува паралелно со сите горива и цената може да зависи од малопродажните објекти (бензински станици)
Македонија
Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато
Како дел од работните активности на Министерството за внатрешни работи, заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денес оствари работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато.
Во рамки на посетата, заменик министерот Исени се запозна со тековните активности, со предизвиците со кои се соочуваат службите, како и со начинот на нивно надминување.
На средбата се разговараше и за актуелната безбедносна состојба во регионот, при што беа презентирани најновите трендови на криминалитетот и мерките што се преземаат за негово спречување и навремено откривање.
„Безбедноста и владеењето на правото остануваат врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата,“ истакна заменик министерот Исени.
Со оваа посета, МВР уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон унапредување на безбедносните стандарди, поддршка на локалните полициски структури и континуирана работа на терен за поголема заштита на граѓаните и јавниот ред и мир, истакна МВР на социјалните мрежи.
Македонија
АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано тешко моторно возило на патот, сообраќајот е во прекин, известува АМСМ.
Македонија
Во недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 28 март 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето за оваа година ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Со прекинот на летното сметање, во недела наутро, точно во 03:00 часот, часовниците ќе треба да се вратат еден час наназад, така што времето 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.
Оваа одлука е донесена во согласност со редовната годишна процедура за прилагодување на сметањето на времето и е во насока на усогласување со стандардите и регулативите што важат во земјите од Европската Унија.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Хороскоп15 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Временска прогноза2 денаОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин1 денInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин1 денOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин1 денMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин1 денКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден4 часаСветот на денешен ден (28 октомври)
