Следете не

Спорт

Андов Александар: Чест и привилегија е да се биде селектор на женската репрезентација на Македонија

Објавено пред

на

ФФМ

Женската А репрезентација на Македонија со новиот селектор го започнува циклусот на квалификации (лига фаза) за пласман на Европско првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.

Александар Андов денеска и официјално ќе го има првиот тренинг со репрезентацијата како нов селектор во склоп на подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство 2025 година.

Да се биде селектор, без разлика дали станува збор за млади репрезентации до 15, 17 ,19 години или А селекцијата, за мене претставува огромна чест и привилегија. Но селекторско место со себе носи и голема одговорност и сериозен пристап првенствено кон работата и обврските околу репрезентацијата. 

-Иако имаме малку време за подготовки во пресрет на првиот натпревар од квалификациите, кој го играме на 5 април во Рига против репрезентацијата на Летонија, очекувам од сите максимално вложување и голем труд на сите тренинзи. Овие подготовки ќе ги искористиме на најдобар можен начин што подобро да се подготвиме и пред се да се воиграме на тактички план. 

-Ќе идеме чекор по чекор, натпревар по натпревар, ќе се трудиме да се подобруваме во секој сегмент од играта. Треба да бидеме максимално фокусирани и желни за подобрување, да веруваме во себе. Само така ќе можеме да оствариме позитивен успех како тим.

-Нормално е и здраво е да се има одредени промени во репрезентацијата. Ќе имаме промени околу самиот ростер на играчите, но и во самата формација. Се надевам дека пред се на тактички план тие промени ќе бидат многу значајни и ќе донесат позитивни резултати и атмосфера во самата репрезентација.

Верувам дека само со многу труд и посветеност може да се променат работите на позитивно. Не треба од старт да имаме преголеми очекувања, преку ноќ не се менува ништо. Постепено треба да напредуваме и да се подобруваме. Нејќам да ветувам ништо, но верувам дека во иднина ќе можеме само да напредуваме и да растеме како тим.

Женската А репрезентација на Македонија на 5. април во Рига ќе и гостуваме на селекцијата на Летонија, со почеток во 17. часот. На 9. април. на домашен терен ја пречекуваме селекцијата на Словенија. Дуелот против Словенија ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток во 15. часот, истакна ФФМ.

Спорт

(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Alex Simpson

Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.

Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.

Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.

„Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.

По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.

„Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.

Еве го моментот:

Извор: novosti.rs

Прочитај повеќе...

Спорт

Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел

Објавено пред

на

ФОТО: porta.mk

Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.

Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ

Прочитај повеќе...

Спорт

Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада

Објавено пред

на

©porta.mk

Во централата на ФИФА во Цирих денес беше одржана ждрепката за европскиот плејоф за пласман на Светското првенство 2026. Македонската фудбалска селекција во полуфиналната фаза ќе се соочи со Данска. Доколку успее да победи, во финалето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска, и тоа повторно на гостински терен.

Полуфиналните натпревари се предвидени за 26 март 2026 година, а финалните средби ќе се одиграат пет дена подоцна, на 31 март. Четирите победници ќе изборaт место на Мундијалот во 2026 година.

Светското првенство следното лето ќе биде организирано во САД, Мексико и Канада.

Преостанатите полуфинални парови од европскиот бараж се:

  • Италија – Северна Ирска

  • Украина – Шведска

  • Турција – Романија

  • Велс – Босна и Херцеговина

  • Полска – Албанија

  • Словачка – Косово

  • Чешка – Република Ирска

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп6 часа

Хороскоп за петок (28 ноември)

Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може...

Македонија13 часа

Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle14 часа

„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија

Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за...

Кичево16 часа

ОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија19 часа

АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента

Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово...

На денешен ден19 часа

Времеплов: На денешен ден – 27 ноември

На денешен ден 27 ноември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Временска прогноза1 ден

Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (27 ноември)

ОВЕН Не се потпирајте премногу на другите луѓе и на она што го слушате што не е потврдено. Ако одлучите...

Македонија1 ден

„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање

По краткиот прекин предизвикан од според најверојатно технички околности, услугата со „VISA“ картичките е нормализирана и граѓаните повторно можат без...

Фото: Jakob Owens @ unsplash Фото: Jakob Owens @ unsplash
Магазин2 дена

Google Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност

Google Photos воведува шест нови функции базирани на вештачка интелигенција, со што значително ги проширува можностите за уредување, пребарување и...

НАЈЧИТАНИ