Спорт
Претставници од ФИФА гостуваа на работна средба со лица задолжени за развој на академијата, а се сретнаа и со првите луѓе на Фудбалската федерација на Македонија

ФИФА претставниците, Томас Данилевичиус, во улога на регионален технички консултатнт за Европа и Јург Непфер, во улога на сениор консултатнт за фудбалски развој, во периодот од 25. до 28. март беа во работна посета на „Куќа на фудбалот” и академијата на ФФМ.
Гостите од ФИФА остварија работна средба со лицата задолжени за развој на академијата на ФФМ, на која беа презентирани проектите на ФИФА во делот за развој на фудбалската игра до 2026 година, можноста и начинот за нивно аплицирање за добивање на финансиска и материјална помош од ФИФА за нивна реализација и увид во моменталната состојба во Фудбалската федерација на Македонија во делот на техничкиот развој.
Претседателот на Фудбалската федерација, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Наталиа Илиевска Божиновска одржаа состанок со двајцата претставници на ФИФА, Томас Данилевичиус и Јург Непфер на кој се дискутираше за важноста на развојот на младинскиот фудбал во Македонија.
Томас Данилевичиус и Јург Непфер, исто така остварија работни состаноци за различни теми со Зоран Стратев – технички Директор на ФФМ, Жарко Игњатовски – менаџер на секторот за меѓународен фудбал и развој, Аница Трајкова – одговорна за женскиот фудбал во ФФМ.
– „Ова е моја прва посета на Фудбалската федерација на Македонија, но имам чувство дека долго време ги познавам луѓето. Подготвени се, способни и имаат волја за работа. Благодарен сум за искуството кое го имавме во изминатите три дена. Во вашата федерација видовме тим на луѓе подготвен да го развива веќе започнатиот процес за развој на млади фудбалери. Од топ менаџментот до лицата задолжени за техничкиот развој работат професионалци, а процесот за развој на млади таленти е чист и веќе добро структуиран. Важно е дека имате метод и знаење за тоа како да пронајдете талент и преку соодветни програми да го надградувате, се со цел во иднина да биде дел од националните селекции.
– Оваа наша посета првенствено беше да ги запознаеме луѓето вклучени во овој процес, да бидеме блиски со нив во иднина и како еден од стратешките партнери на федерацијата да го развиваме и имплементираме долгорочниот план за технички развој и напредок на младите фудбалери преку шемата за развој на таленти на ФИФА. Сакаме да развиеме елитни фудбалери во земјите каде што има потенцијал за понатамошен развој, а Македонија дефинитивно е една од нив. Потенцијалот овде е навистина огромен. Ќе бидеме во тесна соработка и навистина со нетрпение ги очекувам нашите следни активности за промовирање на играта во која се вклучени момчиња и девојчиња – изјави Томас Данилевичиус.
Согласно петходно договорената агенда, остварија и работна посета на еден македонски фудбалски клуб, ФК Работнички во нивните простории каде се разговараше околу делот на техничката организација и развој на самиот клуб, со претставниците Ненад Монев – генерален секретар на ФК Работнички и Горан Станиќ – координатор на младите категории на ФК Работнички, известуваат од ФФМ.
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Кичево14 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Македонија4 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје8 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак