Спорт
„Лавовите“ поуспешни во Гостивар, Струга ТЛ го доби „езерското дерби“, ова се резултатите од 25-то коло од првата македонска фудбалска лига

Актуелниот шампион Струга Трим Лум ја победи Воска со 3-1 во „езерското дерби“ и повторно излезе три чекори напред на табелата во Првата лига. Стружани го совладаа тимот на нивниот поранешен тренер Срѓан Захариевски.
Воска издржа на „нула“ едно полувреме. Во 55.минута, Стјеповиќ доби црвен картон за стартот над Радески, а Струга ТЛ доби пенал што го реализираше Бесарт Ибраими. Четири минути подоцна Струга ТЛ постигна нов гол за 2-0 преку Хоган Укпа.
Шкендија славеше против Брегалница со 4-1. Ване Крстевски го отвори резултатот во шестата минута, а Фитон Адеми во 17.минута зголеми на 2-0. Аденис Шала во 55.минута постигна трет гол за Шкендија, а Селмани почесен гол за Брегалница. Конечниот резултат го постави Аганспахиќ во 89.минута од мечот.
Брера го победи Работнички со 2-1 на стадионот „Кукуш“ во Турново. Атдхе Мазари во 13.минута од пенал донесе предност за „романтичарите“, но во 30.минута Урош Стамениќ го искористи подарокот од Кагиму и израмни на 1-1. Победничкиот гол за Брера го постигна Ибрахим во 74.минута од дуелот.
Македонија ЃП го победи Гостивар на гости со 1-4 и се врати во живот во битката за опстанок. Крсте Велкоски од пенал донесе водство за „лавовите“ во 14.минута, но потоа и Ланре Кехинде реализираше пенал за 1-1, во 30.минута.
Ѓорѓи Стоилов во 43.минута повторно носи предност за Македонија ЃП, а гостите го потврдија триумфот со уште два гола во мрежата на гостиварци. Џонатан Балотели и Никола Величковски беа стрелци за убедлив триумф на Македонија ЃП на ова гостување.
Вчера, Шкупи го победи Вардар со 3-0, а Тиквеш и Силекс ремизираа 1-1.
ПРВА ЛИГА, 25. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТЛ – ВОСКА 3:1
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 2:1
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 4:1
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:4
ШКУПИ – ВАРДАР 3:0
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1:1
Текст: makfudbal.mk
Спорт
Познати противниците на младата репрезентација на Македонија за ЕП 2027 во Албанија и Србија

Денеска во седиштето на УЕФА, Нион се одржа ждребот за квалификациите за пласман на Европско првенство 2027 во Албанија и Србија за фудбалери до 21 година.
Нашата млада селекција за противници ги доби репрезентациите на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамки на групата Е.
Квалификацискиот циклус ќе започне во март годинава и ќе трае се до ноември 2026 . Домаќините на претстојното Европско првенство, Албанија и Србија се директни учесници на турнирот.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Спорт
(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ првата работна средба денес ја оствари со вработените задолжени за одржувањето на фудбалските терени.
– Со Амди, Џеко, Диљо и Исак разговаравме за нивната работа и подобрувањата на условите за работа.
– Ја препознавам нивната посветеност, работат и по 14 часови на ден во секакви временски услови. Заеднички ќе се потрудиме да обезбедиме терени со врвен квалитет, конечно, го вреднуваме нивниот труд – истакна Омерагиќ на неговиот официјален фејсбук профил.
Во прилог погледнете го видеото ТУКА од средбата со истакнатите вработени во Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
Комисијата за натпревари при ФФМ закажа редовен семинар со делегатите од првата и втората македонска фудбалска лига

Комисијата за натпревари при Фудбалска федерација на Македонија ќе одржи редовен семинар со делегатите од Прва и Втора МФЛ. Семинарот ќе се одржи во хотелот Хилтон, на 11. февруари (вторник), со почеток од 11:00 часот, пред продолжување на пролетниот дел од сезоната 2024 – 2025 во Првата и Втора МФЛ, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија
-
Кичево2 дена
Рекапитулар на сработеното во „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, по првите шест месеци од новото раководство, кичевчани заслужуваат подобро!
-
Кичево1 ден
Од испукана петарда, малолетничка од Кичево се здобила со повреди констатирани во Општата Болница
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (7 февруари)
-
Кичево7 часа
Неделна и викенд акција на производи само во „АТВА Маркети“ – Кичево, купувајте и заштедете!
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (8 февруари)
-
Свет8 часа
(ВИДЕО) Кина изгради 160 километри автопат со автономни машини на вештачка интелигенција, без човечка асистенција
-
Временска прогноза15 часа
Нè очекува суво време со ниски температури
-
Спорт1 ден
Познати противниците на младата репрезентација на Македонија за ЕП 2027 во Албанија и Србија