Следете не

Култура

Честитки по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед

Објавено пред

на

Токму денес на сите наши читатели, поддржувачи на пишаниот збор од информативен и јавен карактер – Ви го честитаме срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.

/Порта.мк

Култура

(ФОТО) Во кичевскиот манастир Св.Богородица – Пречиста денес беше одбележан празникот на Живоносен Источник „Балаклија“ со архиерејска литургија и традиционална литија

Објавено пред

на

©porta.mk

Со особен фокус на Велигденските празнувања, Кичево денеска го одбележува празникот на Живоносен Источник – Балаклија со архиерејска литургија и традиционална литија во манастирот Пречиста, место кое привлече многу верници од целата земја за да учествуваат во овие свети велигденски чествувања.

Литургијата беше предводена од неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј заедно со архимандритите и јеромонасите од монашкото братство од Бигорскиот Манастир како и свештениците од градот Кичево, Александар Матески и Александар Крстаноски, протојереј-ставрофор о. Златко Пуреовски од Радовиш и о. Павел Крцоски од Охрид. Веднаш по литургијата се одржа свечена пасхална литија низ манастирскиот комплекс, завршувајќи на местото Господинец каде што пострадале Светите Пречистански Преподобноновомаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј. На литијата учество земаа и граѓаните на Кичево. Всушност, денес го празнуваме нејзиниот Живоприемен Источник во Константинопол, наречен Балаклија. Подобно на својот Живоносен Источник – Балаклија, и овде во Пречистанската Обител, потече река од народ кон агиазмата кај месноста „Господинец“.

Манастирот, познат по својата духовна убавина и мир, привлекува многу посетители не само за молитва, туку и за да уживаат во спокојот кој го нуди оваа света локација. Денешниот празник во Пречиста не беше само момент на духовно прославување, туку и прилика за Христово обединување, делувајќи во духот на мирот и воскресната љубов. Со мирот и молитвата во срцата, сите присутни ја изразија својата благодарност кон Богородица, која непрекинато ги води и штити своите верници.

Чествувањето на Балаклија во манастирот Пречиста го нагласува длабокото верско наследство на Кичево и продолжува да привлекува верници и посетители кои се во потрага по духовно обновување и културно обогатување, потврдувајќи го значењето на вековните традиции кои сè уште живеат во срцата на луѓето.

Мал дел од големата фотогалерија од овој величествен настан преку нашиот објектив:

Прочитај повеќе...

Култура

По повод празникот во чест на Богородица на нејзиниот Источник „Балаклија“, покана за Пасхална литија до Господинец утре во Манастир Пречиста

Објавено пред

на

Возљубени поклоници на на Пречистанската обител, преку нашиот медиум, со особена чест ви соопштуваме дека по повод празникот во чест на Богородица на нејзиниот Живоносен Источник (Балаклија), Ве покануваме на пасхално торжество, проследено со свечена литија до местото Господинец.

Пасхалната Архиерејска Божествена Литургија ќе започне утре во 09:00 часот (петок), на која ќе чиноначалствува Епископ г.Партениј, а по неа ќе следува свечена литија до местото Господинец.

Ве покануваме на серадосната пасхална прослава, заедно со нашите сестринства и братсво, да земете дел во небоземната радост.

Погледнете ТУКА како беше ланската 2023-та година

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Денес во Струга се одржа традиционална величествена Литија, кичевчани ја носеа Крнинската икона на Мајка Богородица

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес 7-ми мај со голема чест и божја благодед бевме дел од традиционалната Литија во Струга со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Мајка Богородица. Стотици граѓани верници уживаа во дефилето кое до сега собра најголем број гости.

И оваа година чудотворните икони во дефилето беа носени од угледни граѓани покрај братството и сестринството од Бигорски манастир, Рајчица и Пречиста, додека поворката беше водена и придружувана од Полицијата, а токму напред дефилираше коњаник со симбол на мирот во рака и со воена облека, речиси идентична од древното време во Римската империја.

Еордијата исто така ја водеа Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј.

Оваа година за нас кичевчани е од големо значење, бидејќи Крнинската икона на нашата Мајка Божја – Богородица ја носеа угледна четворка, сите почести за нашите сограѓани Воислав Димоски, Јонче Митаноски, Сашо Стојкоски и Наум Личоски

На крај настанот се заврши со мини концерт на најмладите, учествуваа КУД „Бисер“ од Кичево, се пееја каланди од Хорот „Митрополит Козма Пречистански“, со голема радост на присутните

Во прилог преку нашиот објектив, погледнете ја нашата официјална галерија!

За многу години, вечна традиција!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за недела (26 мај)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Технологија8 часа

Дали ќе се потврдат гласините дека Microsoft го купува „Valve“ ?

Се појавија гласини дека Microsoft подготвува понуда за купување на Valve. Диор, креатор на содржина фокусиран на сферата на игри,...

Технологија13 часа

Apple направи клон на тетрис во прототип верзија

Во еден момент, Apple направи клон на тетрис на прототип верзија на третата генерација на iPod. Ова покажува дека „Епл“...

Скопје13 часа

При контрола во угостителски објекти во Скопје пронајдена дрога, приведени девет лица

На 23/24.05.2024 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје постапено е по план на...

Магазин16 часа

Вештачката интелигенција закана за три милиони работни места во Германија

Со брзото воведување на системи за вештачка интелигенција (AI) во компаниите, многу вработени во Германија мора да се подготват за...

Автомобили17 часа

Совет за возачите: Ваквото запирање на возилото не е добро за сопирачките

Сопирачките не се нешто на што треба да штедите. Исто така, не е добро да не ги одржувате редовно, бидејќи...

Гејминг18 часа

Овој викенд Steam нуди 18 + 9 бесплатни игри

Викендот пристигна и сигурни сме дека имате планови бидејќи не очекува убаво време. Можеби сте тргнале да уживате во сонцето,...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (25 мај)

ОВЕН Слободно ризикувајте и дозволете му на личноста на која постојано размислувате како се чувствувате и кои се вашите намери....

Свет1 ден

По 80 години пронајдена е урнатата американска подморница од Втората светска војна

Остатоците од подморницата на американската морнарица, која ги потопи повеќето јапонски воени бродови за време на Втората светска војна е...

Македонија2 дена

Дојденец од Австралија извршил тешка кражба во охридски угостителски објект

На 24.05.2024 во 06.35 часот на кеј „Македонија“ во Охрид лишен од слобода е К.Р.Х. (34) од Австралија, кој се...

НАЈЧИТАНИ