Следете не

Култура

Денес се слави „Благовец“ празник на мајките, честит именден на Благој, Благица, Блаже..

Објавено пред

на

Името на празникот Благовештението е истоименито со Евангелието.

Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се нарекува на грчки јазик: Евангелизмос (ЈО Еујаггелисмовч), а на старомакедонски (црковно-словенски) јазик: Благовештение(БлаговѕГен·е). Составено е од два збора: блага + вест, радосна вест.

Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвете Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка. Таков е и овој празник. Со право некои го сметаат и за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка.

Полното име на празникот е: Благовештение на Пресвета Богородица. Се сретнува, обично во руски и црковно-словенски богослужбени книги и како Благовештение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија.
Бил именуван и како: Благовештение на Марија од ангелот, Зачнување Христово, Почеток на искупувањето, Почеток на спасението, Благовештение за Христа, а во ВИИ век е усвоено името: Благовештение на Пресвета Богородица.
Благовештение го празнуваат и Источната и Западната црква.
Неговото народно именување е Благовец, Благоец, Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден.

Благовец празник на мајките

Благовец е празник на Божјата Мајка, а според старата црковна традиција е и празник на сите мајки Денот на мајките. Новото нецрковно време го заменуваше со празнувањето на 8 Март, па се подзаборава дека Благовештение е празникот на мајките.
На Благовец е денот на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание.

Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.
Денес, бакнете ја мајка ви. На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Именден
Именден празнуваат: Благој, Блаже, Блажо, Благин, Благомил, Благомир, Благовестин, Благун, Евангел, Вангел, Блага, Благица, Благана, Блажена, Благојка, Благуња, Благодатка, Благовеста, Бонка, Вангелија, Евангелица и др.

Датум на празникот
Празникот Благовец е секогаш на 7 април (односно 25 март, по стар стил). Датумот не го менува и е од групата на постојаните празници.
Постојат две причини за поврзувањето на Благовец со овој датум: Првата е поврзаноста со Божик, а втората, со создавањето на човекот.

Уште од древноста, секогаш се празнувал на овој датум. Благовец е строго поврзан со Божик. Се празнува точно девет месеци пред Божик. Неговата поврзаност со Христовото раѓање не му дава да биде изместен, бидејќи тој е датумот на зачнувањето (7 април / 25 март с.к.), а девет месеци потоа е Раѓањето на Господа Исуса Христа (7 јануари / 25 декември с.к.).

Култура

(ФОТО) Во кичевскиот манастир Св.Богородица – Пречиста денес беше одбележан празникот на Живоносен Источник „Балаклија“ со архиерејска литургија и традиционална литија

Објавено пред

на

©porta.mk

Со особен фокус на Велигденските празнувања, Кичево денеска го одбележува празникот на Живоносен Источник – Балаклија со архиерејска литургија и традиционална литија во манастирот Пречиста, место кое привлече многу верници од целата земја за да учествуваат во овие свети велигденски чествувања.

Литургијата беше предводена од неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј заедно со архимандритите и јеромонасите од монашкото братство од Бигорскиот Манастир како и свештениците од градот Кичево, Александар Матески и Александар Крстаноски, протојереј-ставрофор о. Златко Пуреовски од Радовиш и о. Павел Крцоски од Охрид. Веднаш по литургијата се одржа свечена пасхална литија низ манастирскиот комплекс, завршувајќи на местото Господинец каде што пострадале Светите Пречистански Преподобноновомаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј. На литијата учество земаа и граѓаните на Кичево. Всушност, денес го празнуваме нејзиниот Живоприемен Источник во Константинопол, наречен Балаклија. Подобно на својот Живоносен Источник – Балаклија, и овде во Пречистанската Обител, потече река од народ кон агиазмата кај месноста „Господинец“.

Манастирот, познат по својата духовна убавина и мир, привлекува многу посетители не само за молитва, туку и за да уживаат во спокојот кој го нуди оваа света локација. Денешниот празник во Пречиста не беше само момент на духовно прославување, туку и прилика за Христово обединување, делувајќи во духот на мирот и воскресната љубов. Со мирот и молитвата во срцата, сите присутни ја изразија својата благодарност кон Богородица, која непрекинато ги води и штити своите верници.

Чествувањето на Балаклија во манастирот Пречиста го нагласува длабокото верско наследство на Кичево и продолжува да привлекува верници и посетители кои се во потрага по духовно обновување и културно обогатување, потврдувајќи го значењето на вековните традиции кои сè уште живеат во срцата на луѓето.

Мал дел од големата фотогалерија од овој величествен настан преку нашиот објектив:

Прочитај повеќе...

Култура

По повод празникот во чест на Богородица на нејзиниот Источник „Балаклија“, покана за Пасхална литија до Господинец утре во Манастир Пречиста

Објавено пред

на

Возљубени поклоници на на Пречистанската обител, преку нашиот медиум, со особена чест ви соопштуваме дека по повод празникот во чест на Богородица на нејзиниот Живоносен Источник (Балаклија), Ве покануваме на пасхално торжество, проследено со свечена литија до местото Господинец.

Пасхалната Архиерејска Божествена Литургија ќе започне утре во 09:00 часот (петок), на која ќе чиноначалствува Епископ г.Партениј, а по неа ќе следува свечена литија до местото Господинец.

Ве покануваме на серадосната пасхална прослава, заедно со нашите сестринства и братсво, да земете дел во небоземната радост.

Погледнете ТУКА како беше ланската 2023-та година

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Денес во Струга се одржа традиционална величествена Литија, кичевчани ја носеа Крнинската икона на Мајка Богородица

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес 7-ми мај со голема чест и божја благодед бевме дел од традиционалната Литија во Струга со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Мајка Богородица. Стотици граѓани верници уживаа во дефилето кое до сега собра најголем број гости.

И оваа година чудотворните икони во дефилето беа носени од угледни граѓани покрај братството и сестринството од Бигорски манастир, Рајчица и Пречиста, додека поворката беше водена и придружувана од Полицијата, а токму напред дефилираше коњаник со симбол на мирот во рака и со воена облека, речиси идентична од древното време во Римската империја.

Еордијата исто така ја водеа Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј.

Оваа година за нас кичевчани е од големо значење, бидејќи Крнинската икона на нашата Мајка Божја – Богородица ја носеа угледна четворка, сите почести за нашите сограѓани Воислав Димоски, Јонче Митаноски, Сашо Стојкоски и Наум Личоски

На крај настанот се заврши со мини концерт на најмладите, учествуваа КУД „Бисер“ од Кичево, се пееја каланди од Хорот „Митрополит Козма Пречистански“, со голема радост на присутните

Во прилог преку нашиот објектив, погледнете ја нашата официјална галерија!

За многу години, вечна традиција!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин4 часа

Samsung Galaxy Z Fold 6 се појави во листата на Geekbench

Претстојниот телефон на преклопување Samsung Galaxy Z Fold6 ќе биде официјално претставен на 10 јули, а денешната листа на Geekbench...

Магазин4 часа

Доаѓа iPhone Slim и ќе биде најскапиот модел во серијата

Веќе претходно дознавме дека Apple ќе ја освежи својата линија на iPhone за следната година, па моделот Plus ќе биде...

Магазин4 часа

Граѓаните предупредени да не користат TikTok: „Сите податоци одат кај кинеската влада“

Шефот на канадската безбедносна разузнавачка служба Дејвид Вињо денеска ги предупреди канадските граѓани да не ја користат апликацијата TikTok. Тој...

Магазин4 часа

Apple ќе ги продава Vision Pro надвор од САД

Според извештајот на Блумберг, Apple се подготвува да ги продаде своите слушалки Vision Pro надвор од САД. Цена 3.499 долари...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за сабота (18 мај)

Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа...

Спорт18 часа

74 конгрес на ФИФА во Бангкок: Светското првенство за жени во 2027 да се одржи во Бразил, како најважна точна на дневниот ред

На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското првенство за жени во 2027 година да се...

Македонија22 часа

Старица од Прилеп измамена на телефон за наводно случена сообраќајка на нејзина внука

На 16.05.2024 во 12.30 часот во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно...

Кичево1 ден

(ВИДЕО+ФОТО) Жива е Македонија! Со песна, оро и дефиле денес кичевските матуранти го завршија средното образование, честитки!

Кичевските матуранти, генерација 2020-2024 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Тие најпрво во...

Автомобили1 ден

Tesla ќе потроши 500 милиони долари за мрежа за полнење

Teslа ќе потроши повеќе од 500 милиони долари оваа година за да ја прошири својата мрежа на брзи полначи, изјави...

Магазин1 ден

Инфлуенсерите поднесоа тужба против забраната: „Заработуваме од TikTok“.

Осум инфлуенсери на TikTok поднесоа тужба против американскиот закон со кој ќе се забрани апликацијата освен ако не се продаде...

НАЈЧИТАНИ