Кичево
Четири лица од Кичево не почитувале полициски час, додека пет лица безправно управувале возило
Вчера на ден 14.04.2021 во периодот од 12 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени беа засилени акциски контроли во сообраќајот. Притоа, полициските службеници регистрирале 41 прекршок (Охрид-22, Струга-04, Кичево-08, Дебар-07).
Евидентирани се 08 возачи кои бесправно управувале моторни возила (Охрид-01, Струга-02, Кичево-05). За сите констатирани прекршоци на возачите им се изречени соодветни санкции.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 41 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-10, Струга-06, Кичево-18, Дебар-07). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Во овој период, регистрирани се 05 прекршувања на забраната за движење од 20 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. (Струга-01, Кичево-04). Против овие лица, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.
Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
– Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган, за јавноста и медиумите предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
Како современа и опшествено одговорна компанија која веќе 32 години успешно функционира на домашниот пазар, преку нашиот веб го најавуваме дефинитивно најголемиот „Black Friday“, во нашиот град кој трае на 28.11 и 29.11. Можете да искористите и до 70% попуст на одредени производи од врвни светски производители како што се, ATLAS CONCORDE, Geberit, Liv, Sanovit, Creavit, STN, Qua, Bien, Gomez, Navarti, Tilezza, Geo Tiles, Unitas, Ideal Standard, итн.
Во понудата има голем избор на керамички и порцелански плочки, „wc школки“, „кабини“, „паравани“, мебел за бања и уште многу други производи за вашата бања кои ќе го подобрат и олеснат секојдневието!
Дополнителни информации и резервации можете да добиете на телефонските броеви 075/264-634 и на 075/228-948, на фејсбук, инстаграм или директно во нивниот продажен салон секој работен ден од 09:00 до 18:00ч, најдете ги на гугл мапа на магистрален пат, ТУКА
Кичево
Ноќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
На 23.11.2025 година во 01:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во Кичево, едно лице нападнало малолетник, а потоа и неговиот татко кој дошол во објектот.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за јавноста денес соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хроника2 денаЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево19 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево23 часа„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Хороскоп10 часаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Македонија2 дена16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Хроника18 часаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Македонија2 денаСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
