Следете не

Кичево

Четири лица од Кичево не почитувале полициски час, додека пет лица безправно управувале возило

Објавено пред

на

Вчера на ден 14.04.2021 во периодот од 12 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени беа засилени акциски контроли во сообраќајот. Притоа, полициските службеници регистрирале 41 прекршок (Охрид-22, Струга-04, Кичево-08, Дебар-07).

Евидентирани се 08 возачи кои бесправно управувале моторни возила (Охрид-01, Струга-02, Кичево-05). За сите констатирани прекршоци на возачите им се изречени соодветни санкции.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 41 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-10, Струга-06, Кичево-18, Дебар-07). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Во овој период, регистрирани се 05 прекршувања на забраната за движење од 20 до 05 часот со цел  спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. (Струга-01, Кичево-04). Против овие лица, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Кичево

„Соседската патрола“ на СВР Охрид вчера беше во посета на Кичево

Објавено пред

на

На 27/28.07.2021 година во периодот од 22 до 02 часот, СВР Охрид, на подрачјето на Кичево, ја спроведе превентивна кампања „Соседска патрола“. Притоа, мешани патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција во Охрид и Кичево, претставници од Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование, локалната самоуправа, од Центарот за социјални работи во Кичево и од невладината организација „Вредит да си од Кичево“, извршија превентивна обиколка на повеќе угостителски објекти во централното градско подрачје, на периферијата од градот, како и на други јавни места на отворен простор каде, во ноќните часови, младите најчесто се собираат и се задржуваат.

Целта на кампањата е родителите да се запознаат каде излегуваат нивните деца и во каков амбиент младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се проблемите кои можат да се случат во текот на вечерните забави и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.

Во рамките на кампањата, полициските службеници разговораа со младите на јавните места и во угостителските објекти, а малолетните лица посебно беа информирани околу законските обврски кои мора да се почитуваат.  Притоа, не е констатирано присуство на малолетници во угостителски објекти или точење алкохол на малолетници по 24 часот, ниту други безбедносни проблеми.

Проектот „Соседска патрола“ има за цел да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да придонесе за зголемување на степенот на безбедност, намалување на можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, подигање на нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места, како и доследно почитување на законските одредби, пред сѐ, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Прочитај повеќе...

Кичево

Мартиал Артс: Утре во Кичево ќе се одржи интернационална ноќ на боречки вештини

Објавено пред

на

Интернационална ноќ на боречки вештини во организација на Матриал Артс Академи клубот од Кичево во спортската сала Јанчица на ден 30.07.2021 со почеток во 17 часот

Се што треба да се знае е дека “Ќе имаме одлични борци во овие дисциплини К1,ММА и Бокс од Македонија,Црна Гора,Албанија,Косово,Босна и Србија и им посакувам среќа на сите натпреварувачи за ПортаМК – рече организаторот и промотер Урим Саити”

– Да се запазат сите Ковид 19 мерки,задолжително носење маска,дезинфекција на влезот,да нема групирање повеќе од четири лица и да се држи растојание од два метри изјави – Координаторот на овој натпревар кичевчанецот Драган Ѓорѓиоски

Прочитај повеќе...

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) „Кичевската и Горнореканска Коњаница“ пристигнаа во Кичево

Објавено пред

на

После отслужената Света Божествена Литургија се пристапи кон македонската заклетва, пред свето писмо, кама и револвер. Кичевската Коњаница од дворот на Манастирот Пресвета Богородица Пречиста се упати према градот, каде како и секоја година во спој на браќата од Мавровско-Горнореканската Коњаница пристигнаа во светиот храм Св.Петар и Павле – Кичево и присуствуваа на Молитва отслужена за добар пат од страна на свештениците на Кичевска Парохија. Оваа година коњаницата ја предводи војводата Петар Велевски.

Нека вие со лесно патот браќа!

Денешниот настан виден преку нашиот објектив изгледаше вака:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 12 часа

Хороскоп, последен за месец јули – (31.07)

ОВЕН Имате впечаток дека околностите се против вас и најверојатно сте во право. Држете се настрана и не залетувајте се...

МакедонијаПред 20 часа

Ковид-19 денешен биланс, вкупно 74 нови случаи, 5 нови од Кичево, по градови сликата на регистрирани е следна

Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16, Тетово...

На денешен денПред 20 часа

На денешен ден (30 јули)

1419 година – Хусите, следбеници на егзекутираниот чешки религиозен реформатор Јан Хус, испровоцирани фрлајќи камења кон нивната поворка, упаднаа во...

КичевоПред 24 часа

„Соседската патрола“ на СВР Охрид вчера беше во посета на Кичево

На 27/28.07.2021 година во периодот од 22 до 02 часот, СВР Охрид, на подрачјето на Кичево, ја спроведе превентивна кампања...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (30 јули) петок

ОВЕН Денес ќе бидете доста напнати. Луѓето околу вас ќе бидат доста критични и непријатни. Односите со некој надреден (шеф...

ТехнологијаПред 2 дена

PS5 стана најбрзо продаваната конзола на сите времиња

Компанијата откри дека продала 10 милиони конзоли PS5 до 18 јули, осум месеци по премиерата на 12 ноември. На тој...

Временска прогнозаПред 2 дена

Попоски вонредно најави пеколни температури до 45°C

Топлотниот бран кој е МНОГУ СИЛЕН и изразен во нашата држава ќе се задржи до самиот крај на оваа седмица,...

КичевоПред 2 дена

Мартиал Артс: Утре во Кичево ќе се одржи интернационална ноќ на боречки вештини

Интернационална ноќ на боречки вештини во организација на Матриал Артс Академи клубот од Кичево во спортската сала Јанчица на ден...

МакедонијаПред 2 дена

МВР со новиот т.н. „ноќен радар“ испиша 200 санкции за брзо возење

Синоќа во периодот од 21.00 (28.07.2021) до 01.00 (29.07.2021) часот  Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање...

На денешен денПред 2 дена

На денешен ден (29 јули)

1526 – Во кампања против Унгарија, турската армија го зазеде Петроварадин по тринеделна опсада. Турците тогаш ги освоиле соседните градови...

НАЈЧИТАНИ