Следете не

Магазин

Чизкејк со јагоди и Нутела – неодолива пролетна комбинација

Објавено пред

на

Фото: Diliara Garifullina / unsplash

Овој десерт нуди совршен спој на свежина и кремасто задоволство

Ако сте љубител на комбинацијата од чоколадо и овошје, тогаш овој чизкејк ќе стане ваш нов омилен десерт. Станува збор за лесна, но богата торта со пенест крем од јагоди, мек пандишпан со Нутела и мазен млечен ганаш. Идеална е за семејни прослави, родендени или едноставно за моменти на лично уживање.

Состојки

За бисквитот со Нутела:

  • 1 јајце

  • 30 г шеќер

  • 1 кесичка ванилин шеќер

  • 50 мл вода

  • 50 мл масло

  • 40 г Нутела

  • 40 г брашно

  • 5 г какао

  • ½ кесичка прашок за пециво

За кремот од јагоди:

  • 150 г свежи блендирани јагоди

  • Неколку капки арома од јагода

  • 20 г инстант желатин

  • 2 полни лажици шеќер во прав (или по вкус)

  • 200 г маскарпоне

  • 200 мл слатка павлака за шлаг

За ганашот:

  • 100 г млечно чоколадо

  • 90 мл слатка павлака за шлаг

  • 30 г Нутела

Постапка

Подготовка на бисквитот:

  1. Во длабок сад изматете го јајцето со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не добиете светла и пенеста смеса.

  2. Додадете ја водата, маслото и Нутелата, па кратко промешајте.

  3. Во посебен сад соединете ги брашното, какаото и прашокот за пециво, па додајте ги во течната смеса.

  4. Истурете ја смесата во калап (дијаметар 16 см) обложен со хартија за печење.

  5. Печете на 160°C околу 20 минути или додека чепкалка излезе сува. Оставете да се излади.

Подготовка на кремот од јагоди:

  1. Изблендирајте го маскарпонето кратко, потоа додајте ги блендираните јагоди, аромата и шеќерот во прав.

  2. Вмешајте ја слатката павлака и изматете кратко додека не добиете кремаста структура.

  3. Додека мешате, постепено додавајте го инстант желатинот. Мешајте додека кремот не стане цврст.

  4. Прелијте го врз изладениот бисквит и оставете го во фрижидер да се стегне, најдобро преку ноќ.

Подготовка на ганашот:

  1. Во тенџере на тивок оган загрејте ги чоколадото, слатката павлака и Нутелата, мешајќи додека не се стопи чоколадото и не добиете мазна смеса.

  2. Оставете неколку минути да се излади, па прелијте го врз стегнатиот крем.

  3. Вратете ја тортата во фрижидер додека ганашот целосно не се стегне.


Овој чизкејк не само што изгледа впечатливо, туку и нуди исклучително богат вкус. Послужете го добро изладен и уживајте во секој залак!

Мобилни уреди

Што носи новиот „iOS 26“? Естетика и функционалност во еден пакет

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Sumudu Mohottige

iOS 26 носи значителни подобрувања во персонализацијата и продуктивноста, овозможувајќи iPhone да стане уште пофлексибилен и прилагоден на потребите на корисниците.

Најголемите промени се забележуваат уште на почетниот екран, каде што е воведен ефект на „течно стакло“ со транспарентни икони и обновени виџети кои сега поддржуваат боја и различни нивоа на транспарентност. Ова дава свеж, минималистички и модерен изглед на интерфејсот.

Меѓу најинтересните новитети е функцијата Local Capture во Control Center, која овозможува снимање аудио и видео за време на повици, со автоматско зачувување на содржината во апликацијата Files. На овој начин корисниците добиваат дополнителна безбедност и практичност, без потреба од апликации од трети страни.

Апликациите исто така добија значајни надградби. Во Messages фотографиите во разговорите може да се пронајдат со еден допир, додека Weather овозможува персонализирано следење на временските услови за повеќе локации од дома и работа до омилените дестинации.

Новата апликација Preview ја олеснува обработката на слики со функции како ротирање, сечење, менување на големината и дури отстранување на позадина. Од друга страна, Photos додава светол и темен режим при уредување, побрз пристап до албуми и можност за генерирање случајни позадини.

Notes доби гестови за враќање и повторување на промени, додека Siri сега поддржува и внесување на команди преку текст особено корисно во ситуации кога гласовното користење не е практично. Дополнително, системот автоматски препознава датуми во скриншоти и нуди опција за брзо додавање на настани во календарот.

Сите овие подобрувања покажуваат дека iOS 26 е креиран со идеја да понуди подобро корисничко искуство, комбинирајќи модерен дизајн со практични алатки што го олеснуваат секојдневното користење на iPhone.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (2 октомври)

Објавено пред

на

Овен

На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња.

Денес, важно е да излезете и убаво да си поминете.

Во здравјето, немате лоши тегоби.

Бик

Имате одлична соработка со една Девица. Искористете го периодот кој е пред вас, бидејќи имате многу можности кои за жал само вие не ги забележувате.

Искористете го времето за нешто што ќе ве направи среќни. Поминете време со личност која ви е драга.

Можни се болки во грлото.

Близнaци

На работа, ситуацијата не е најдобра, но треба да обрнете повеќе внимание на сите детали а не само на оние кои вам ви одговараат.

Постои личност на која често мислите, а која исто така мисли на вас. Не ја игнорирајте.

Излезете на прошетка.

Рак

Ако планирате новини на работа, може е подобро да почекате, бидејќи вашето расположение се менува од миг во миг.

Сакате да фасцинирате една личност, но тоа не ви носи успех. Време е да бидете конкретни во своите намери.

Потребни ви се повеќе течности.

Лав

Не сте во лоша ситуација, се додека имате излез од тоа. Она што не можете да го постигнете е добра соработка која ви се нуди од една Риба. Почекајте.

Премногу барате од својот партнер. Балансирајте меѓу своите и нивните желби.

Тахикардија.

Девица

Влегувате во некој работен ангажман со голем ентузијазам, но повеќе внимание треба да обрнете на соработката со остантите членови на тимот. Поработете на тоа.

Во љубовта, премногу давате на погрешна личност. Размислете каде ве води тоа.

Кашлица.

Вага

Отворени сте за нова соработка и ќе уживате во таквата промена. Потрудете се да доведете во ред некои детали.

Ако сте во долгогодишна врска денес е ден за размислување за брак.

Опуштете се со тивка музика.

Шкорпија

Се соочувате со стрес поради поголемата потреба од финансии. Чувствувате промена во вашиот паричник.

Заљубени сте во еден Рак. Ви годи дружењето со нив, но морате да ги покажете емоциите.

Ослободете се од стресот.

Стрелец

Надредените бараат многу од вас. Морате да се фокусирате на задачата, бидејќи тоа е важно за вашата кариера.

Не ве загрижува мислењето на другите. Вие си имате свој приоритет кој е неразбирлив за нив, но уживате во љубовта.

Стрес.

Јарец

Финансиската ситуација се подобрува. Воочувате причина за ново напредување, кое ќе дојде оваа недела.

Ви доаѓа подобра ситуација на ова поле од она со што се соочувавте досега. Ќе бидете во одлично расположение. Личност родена во знакот Рак ве обожава.

Под стрес сте и реагирате импулсивно.

Водолија

Зголемениот интерес за посилен финансиски прилив е нешто што ви се допаѓа, но за што не преземате ништо конкретно.

Заљубени сте и сметате дека не треба да ја пропуштате шансата да бидете со еден Јарец, кој е покрај вас во последно време.

Здравјето е одлично.

Риби

Полето на странство ви носи една уабва соработка. Бидете спремни за успех.

Доколку работите не одат онака како што вие сакате, не очајувајте. Некој ве набљудува, но потребно му е време.

Медитирајте.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Месечен Хороскоп (октомври 2025)

Објавено пред

на

ОВЕН

Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте. Партнерот ќе го покаже своето право лице. Нема да бидете премногу воодушевени со она што го гледате. Можни се проблеми со притисокот.

БИК

Многу активно учествувате во завршувањето на работните задачи и максимално сте посветени на својата работа. Ве мачи љубомора. Немате доволно доверба во партнерот, се сомневате дека нешто крие од вас. Проблеми соо урогениталниот тракт.

БЛИЗНАЦИ

Денес ќе имате многу работа, но и некои промени на работното место. Можеби некои соработници ќе си одат. Влегувате во монотона фаза кога станува збор за љубовта и не сте премногу среќни поради тоа. Лоша крвна слика. Пад на имунитетот.

РАК

Иако околностите подолг период не ви одеа од рака, денес може да имате среќа да решите некои проблеми. Уплашени сте, сакате да го задржите партнерот со кој сте, а ви делува дека полека губите контрола. Чувствителен кардиоваскуларен систем.

ЛАВ
Поволен ден за работа, ако соработувате со родени во знакот на Стрелец. Може да очекувате успех. Доколку сте во брак, правите сѐ за да најдете изговор да излезете од дома и малку да одморите од партнерот. Осетлива бешика.

ДЕВИЦА

Може да бидете успешни во деловните преговори денес. Поволен ден за потпишување договори за соработка. Делувате мистериозно и привлекувате дел од припадниците на спротивниот пол со својот став. Поминувајте повеќе време во природа.

ВАГА

Склони сте кон расфрлање и трошење поголема сума на пари. Препорака е да бидете внимателни, бидејќи подоцна може да зажалите. До совршенството не може да се дојде преку ноќ, потребно е многу труд и разбирање. Губиток на апетитот.

ШКОРПИЈА

Концентрацијата ви е лоша и не треба да носите важни одлуки денес. Склони сте кон самосожалување, барате внимание и лесно ги заборавате сите убави нешта кои партнерот ги направил за вас. Неопходно е да се наспиете. Преморени сте.

СТРЕЛЕЦ

Многу сте нервозни, лошо се чувствувате и каде и да се свртите ќе видите некои ограничувања за вашиот деловен план. Тажни сте бидејќи ја немате онаа љубов која ви е потребна. Можеби го идеализирате минатото. Склони сте кон депресија.

ЈАРЕЦ

Може да се потпрете на соработниците и колегите, околу себе имате луѓе на кои може да им верувате. Доколку имате врска на далечина, денешниот ден е поволен за планирање средба со саканата личност. Потребно ви е да поминувате време на свеж воздух.

ВОДОЛИЈА

Водете сметка да не ги расипете односите со претпоставените. Лесно може да се вовлечете во некоја интрига. Делувате дистанцирано кон саканата личност, а всушност вие сте повредени, а не сакате тоа да го признаете. Болки во грбот.

РИБИ

Поволен ден за патување и потпишување некои договори. Сѐ што ќе замислите ќе ви оди од рака. Може многу лесно да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Поволниот период само што започна. Избегнувајте масна, похована и многу зачинета храна.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт48 минути

(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на...

Македонија1 час

(ФОТО) СВР Охрид успешно реализира обука за работа со „фонометар“, инструмент за мерење јачина на звук

На 29 и 30.09.2025 година, во просториите на СВР Охрид беше реализирана обука за работа со инструмент за мерење на...

Мобилни уреди2 часа

Што носи новиот „iOS 26“? Естетика и функционалност во еден пакет

iOS 26 носи значителни подобрувања во персонализацијата и продуктивноста, овозможувајќи iPhone да стане уште пофлексибилен и прилагоден на потребите на...

Македонија3 часа

МВР: Безбедноста на новинарите на врвот на приоритетите на Министерството за внатрешни работи

Слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се столбот на демократското општество. Во тој контекст, Министерството за внатрешни работи ја...

Временска прогноза4 часа

(ФОТО) „Стража“ почна да белее, апел за поголемо внимание, еве какво време нè очекува овие денови

Под влијание на циклонска активност  и на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток, односно од Русија...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за четврток (2 октомври)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Кичево14 часа

(ФОТО) Со скромна свеченост денес се одбележа патрониот празник на кичевската гимназија „Мирко Милески“

Денеска со скромна свеченост се одбележа патрониот празник на кичевската гимназија – ОСУ „Мирко Милески“. Настанот започна со говор на...

Македонија22 часа

Исполнети се условите, од утре започнува грејната сезона 2025/2026

Од утре, 2 октомври, почнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во градот Скопје со...

Временска прогноза1 ден

Дожд, студено време и снег, метеоролозите предвидуваат промена на времето и заладување!

Под влијание на Средоземен циклон кој секундарно ќе се формира и ќе влијае на времето во Република Македонија и тоа...

Кичево1 ден

За утре закажана „Крводарителна акција“ во Медицински центар – Кичево, „Даруваме денес, затоа што еден ден можеби и нам ќе ни треба!“

Почитувани хумани луѓе. Утре (четврток, 2-ри октомври) од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Медицински центар – Кичево во соработка со...

НАЈЧИТАНИ