Следете не

Култура

Чувај нас мајко! Денес е Успение на Пресвета Богородица – Голема Богодорица

Avatar

Објавено пред

на

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

 

Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28/15.VIII

Празник на мајката на животот

Именден празнуваат: Марија…

Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.

Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл.

По раѓањето на Исус Богородица живеела уште 48 години, извесен период кај старателот Јосиф, со синот Исус, а по неговото распетие и воскрсение кај неговиот ученик и апостол Свети Јован Богослов. За сето тоа време таа била директен сведок на многу важни настани што се од значење за христијанската црква.

Кога Исус бил распнат Богородица стоела покрај крстот и плачела како секоја мајка над судбината на својот син. Од крстот Исус и порачал во иднина да живее кај апостолот Јован и да го има за свој син, а нему му порачал да ја има за своја мајка. Светото евангелие според Јована за ова сведочи: „А Исус, штом ја виде мајка си, и ученикот кого го љубеше како стои и рече на мајка си: „Жено, ете ти син“! Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде при себе“ (Јован 19/26, 27) Се поставува прашањето зошто Исус од крстот на мајка си и се обратил со „Жено“ а не со „Мајко“? Истражувачите на оваа проблематика сметаат дека со тоа сакал да ја заштити од своите непријатели: „Околу крстот Христов се наоѓале неговите најголеми непријатели и Он така и се обратил за да ја заштити од нивната дрскост и злоба, оти тие ако знаеле дека тука е неговата мајка, можеби ќе и нанеле и нејзе некое зло“.

За време на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите со нив била и Богородица така што и врз неа слегол Светиот Дух, при што и таа ги примила неговите дарови. Потоа апостолите останале во Ерусалим уште 10 години, а за тоа време Богородица живеела кај Свети Јован Богослов. Но кога Ирод ги започнал своите големи прогони на христијаните апостолите со ждрепка решиле кој каде да оди и да го проповеда евангелието. Јован со Богородица отишол во Ефес, од каде што таа ги посетила Св. Игнат Богоносец во Антиохија, Св. Лазар воскреснатиот од Исуса кој бил епископ на Кипар и Света Гора која што во таа прилика и ја благословила. И по враќањето во Ерусалим Богородица живеела во домот на апостолот и евангелист Свети Јован Богослов и ги посетувала местата на кои за време на животот на Исус се случиле важни настани како што се Голгота, Витлеем, Гетсиманија, Елеонската Гора, потоа гробот на Исус и тн. А во овие посети некои истражувачи гледаат зародиш на христијанскиот аџилак.

Особено Богородица често го посетувала гробот на својот син и го молела што побргу да ја земе кај себе. Набргу Господ Исус Христос и пратил вест дека е скоро часот кога таа ќе умре. Истиот оној архангел Гаврил што и ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот, сега и кажал дека е дојдено времето кога таа ќе се пресели кај својот син. И предал рајска палмова гранка како победа на животот над смртта со барање да ја носат пред одарот за време на погребот. Богородица не се исплашила од оваа вест туку се израдувала што наскоро ќе биде кај својот син. Му кажала на Свети Јована, му ја предала рајската гранка и започнала да се подготвува за напуштање на овој свет. Посакала да ги види сите апостоли кои поради прогоните на Ирод, но и поради своите обврски да го шират христијанството биле растурени по светот. Носени од некоја таинствена сила сите апостоли веднаш пристигнале, со исклучок на Тома кој бил многу далеку и во тој момент не можел да дојде.

На 15-тиот ден во месецот, во третиот час од денот Богородица била легната во ковчегот, многу свеќи ја осветлувале просторијата, а апостолите пееле и го славеле Господа Исуса Христа. Богородица го очекувала својот син да ја поведе на небото. Одеднаш силна светлина ја исполнила просторијата, Исус слегол од небото со многу светци и ангели, а Богородица гледајќи го него извикнала: „Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови“, (Лука, 1/46-48) по што без болки ја предала својата душа во рацете на својот син. Тогаш ангелите го запеале поздравот од Благовештение: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените“. (Лука, 1/28) Во тој момент апостолите виделе како со оваа песна ангелите, заедно со Исус, ја носат душата на Богородица ко небото. Лицето и светело како сонце, а од телото се ширел пријатен мирис од кој се излечиле многу болни.

По сопствена желба Богородица била погребана во Гетсиманската градина, каде што биле гробовите на нејзините родители Јоаким и Ана и на свршеникот (старателот) Јосиф. За време на погребот Светиот апостол Јован ја носел рајската гранка пред погребната поворка, апостолите го носеле телото на Богородица, а над нив се слушало пеењето на ангелите.

Светол облак ја завиткувал поворката и непријателите не можеле да се приближат, иако постојано ја следеле и се обидувале поворката да ја растурат, а телото на Богородица да го запалат. Во еден момент на едно место малку се поткренал облакот и се видел ковчегот во кој била Богородица. Тогаш еден од еврејските свештеници се затрчал кон него, го фатил со рацете за да го преврти. Но во тој момент невидлив ангел со меч му ги отсекол рацете и дланките останале залепени на ковчегот. Свештеникот се покајал за тоа што сакал да го направи и заплакал, а апостолот Петар му рекол да ги допре рацете до пресечените дланки. Кога тоа го направил се случило чудо, рацете зараснале како никогаш да не биле пресечени. Сите што виделе се увериле дека Исус навистина е синот Божји и на тој ден многумина се крстиле и го примиле христијанството.

Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската Градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од воздухот се слушало пеењето на ангелите. Третиот ден по погребот пристигнал апостолот Тома кој што многу жалел затоа што не присуствувал на погребот на Божјата мајка и побарал апостолите да му го отворат гробот за да се поклони пред телото на Богородица. Апостолите му ја исполниле желбата, го отвориле гробот но на општо изненадување телото не било внатре. Имало само некои погребни платна од кои се ширел пријатен мирис. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила дека на третиот ден по погребот Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото. Кога се упокоила Богородица имала 63 (според други 72) години.

Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Голема Богородица се празнува на 28 август според новиот (односно на 15 август според стариот) календар. За подостоинствено празнување на овој празник му претходи двенеделен пост што започнува на 14/1 август, односно на празникот Св. седум маченици Макавејски. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња сепак празникот на нејзиното успение не се празнувал од почетокот. Во почетокот се празнувал празникот Собор на пресвета Богородица, веднаш по Божик, а подоцна од овој општ празник на мајката Божја како и другите нејзини празници се одделил и празникот на нејзиното Успение.

На иконата Успението на Пресвета Богородица е насликано на овој начин: На одарот е поставено телото на Богородица. Околу неа се народот и апостолите. До одарот во средината е нејзиниот син Исус кој во рацете го држи нејзиниот дух во форма на новороденче, или нејзиното тело во минијатурна форма. На некои фрески меѓу апостолите што го носат ковчегот со телото на Богородица насликан е и свештеникот со пресечените раце.

Низ цела етничка Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Мала Богородица се одржуваат масовни народни собири. Така е крај манастирот во Матка крај Скопје, кај нпвпозградената црква во центарот на Скопје, во Лешочкиот манастир крај Тетово, во Берово, и на повеќе други места.

Тропар

Успение на Пресвета Богородица

Богородице, и во раѓањето си го сочувала девството, а по своето успение не си го оставила светот, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со твоите молитви ги избавуваш од смртта нашите души.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Култура

11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ

Avatar

Објавено пред

на

Денес се чествуваат 79 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври — државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Историја

По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.

И пред 11 октомври 1941 година доаѓа до вооружен отпор против окупаторот. Така, на 8 септември Лазо Колевски убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел, истиот ден во Скопје Боро Петрушевски убива бугарски војник, на 7 октомври во Скопје е извршен обид за убиство на агентотМане Мачков, во кој загинува Благоја Деспотовски – Шовељ, а на 8 октомври Трајко Бошкоски – Тарцан, пробивајќи се низ непријателскиот обрач во Прилеп, убива еден непријателски полицаец.

Сепак, за почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани,распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.
  • Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.
  • Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.
  • Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.

Помеѓу партизаните немало загинати, а бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп од Душко Наумоски. Татко му на Наумоски бил пријател на стражарот Петар Колев, кој бил местен човек од Смилево, мобилизиран. Душко го искористил ова па се приближил и го убил.

Дејствија има и во Кумановско. На 12 октомври 1941 година, во областа Студена вода е формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на 14 октомври, а Козјачкиот одред – на 17 октомври. Скопскиот партизански одред, формиран веќе во август, не зема учество во овие настани, бидејќи борците не биле известени. Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Култура

Почина Еди ван Хален – еден од најголемите рок гитаристи во светот

Avatar

Објавено пред

на

 Еди ван Хален, еден од најголемите рок гитаристи и еден од основачите на исклучително успешна рок-група именувана по него и неговиот тапанар брат, почина денес од рак, објави неговиот син Волфганг на Твитер.

„Не можам да верувам дека морам да го напишам ова, но татко ми Евард Лодевик ван Хален загуби долга и тешка битка со ракот утрово“, рече на твит Волфганг ван Хален, басист кој свиреше со неговиот татко во групата. пренесува Ројтер.
Еди и неговиот брат Алек ја основаа групата „Ван Хален“ на почетокот на 70-тите години на минатиот век во Лос Анџелес, каде се здобија со култен статус уште пред да го издадат својот прв албум во 1978 година.

Албумот беше 19-ти на листата на Билборд, што е едно од најуспешните деби во таа деценија.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Култура

Дизни го објави продолжението на „The Lion King“

Avatar

Објавено пред

на

Дизни објави дека ќе снима продолжение на филмот „The Lion King“ во 3D, а режијата ќе и биде доверена на Бери Џенкинс, кој го сними филмот (Moonlight) Месечината.

Кралот лав, кој беше успешен во кината, излезе во 2019 година и заработи околу 1,6 милијарди долари.

Во тој цртан филм, гласовите беа позајмени од многу sвезди, вклучувајќи ја и пејачката Бијонсе.

Дизни не соопшти други детали, додека enенкинс рече дека неговиот сон е да работи со таа компанија.

Месечината (Moonlight) на Џенкинс е добитник на Оскар за најдобар филм во 2017 година.

 

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 5 часа

Во петок поради изведување на градежни работи према Охрид ќе има изменет режим на сообраќај, ова се деталите..

Г.П. Викторија Инвест известува дека на 30.10.2020 (петок), ќе се започне со изведување на градешни работи на пат на патниот...

Временска прогнозаПред 11 час

Најнови детали за временската прогноза, викендов можни промени и дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, локално ќе има и позначителна облачност а ќе дува...

ХороскопПред 20 часа

Дневен Хороскоп (28.10) среда

ОВЕН Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе...

СпортПред 23 часа

ФФМ: Извлечени се двојките за 1/4 финале за Купот на Македонија

Извлечени двојки за 1/4 финале од Купот на Македонија: Академија ПАНДЕВ – ШКУПИ СТРУГА Трим Љум – РЕНОВА БЕЛАСИЦА –...

МакедонијаПред 1 ден

Страшни бројки денес, нови 628 регистрирани – Апел да се почитуваат Ковид мерките!

Во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 353...

ЗабаваПред 1 ден

Зимски или за сите сезони: Кои гуми се подобри за возење во зима?

Дали таканаречените „all season“ гуми можат целосно да ги заменат зимските гуми? Кога станува збор за купување гуми, честопати сме...

ТехнологијаПред 1 ден

Првиот модерен компјутер не беше „мерен“ во гигабајти и гигахерци, туку во тони и квадратни метри

Тежел околу 27 тони, зафаќал 167 квадратни метри и трошел 150 kW електрична енергија Кратенката ENIAC (анг. Electronic Numerical Integrator...

ТехнологијаПред 1 ден

Сега можете да го „замолчите“ оној што постојано ве нервира засекогаш

Сега можете да го „замолчите“ оној што постојано ве нервира засекогаш Досега, корисниците можеа да ја користат опцијата Mute, со...

СветПред 1 ден

Големо откритие на НАСА: Дефинитивно има вода на Месечината

Истражувањата сугерираат дека водата може да се дистрибуира на целата површина на Месечината Водата дефинитивно се најде на површината на...

СветПред 1 ден

Рекорден број на смртни случаи од ковид-19 во Русија

Рекорден број на смртни случаи од коронавирус е забележан во Русија на дневна основа, откако во изминатите 24 часа беа...

НАЈЧИТАНИ