Следете не

Временска прогноза

Циклон се движи кон нашиот регион, ќе донесе грмежи и врнежи од дожд – ова се деталите

Објавено пред

на

Стабилното време со пролетно високи температури на воздухот ќе се задржи и утре, додека во петок ќе има зголемување на облачноста кога ќе има услови за попладневна локална нестабилност проследена со краткотраен  пороен дожд и грмежи. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

За време на викендот и на самиот почеток од следната недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд на повеќе места. Локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Особено во сабота ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Особено во недела и тоа кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник на планините, особено во западните предели ќе има услови за врнежи од снег.

Температурите на воздухот во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени, додека во недела истите ќе бележат тенденција на пад, особено во северната половина од државава и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. На крајниот југоисток истите се очекува да се искачат до околу 17, 18 степени.

За време на оваа циклонска активност локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Пишува: Славчо Попоски

Временска прогноза

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Објавено пред

на

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура3 часа

(ФОТО) Денес во Струга се одржа традиционална величествена Литија, кичевчани ја носеа Крнинската икона на Мајка Богородица

Денес 7-ми мај со голема чест и божја благодед бевме дел од традиционалната Литија во Струга со моштите на „Свети...

Хороскоп3 часа

Хороскоп за среда (8 мај)

ОВЕН Околу Овенот ќе владее мир и ќе донесе хармонија во вашиот дом. Можеби се расправате со член на семејството...

Автомобили13 часа

Дали знаевте колку произведени Mercedes се уште се на пат денес?

Поголемиот дел од сите цивилни Mercedes G-Class од неговото претставување во 1979 година сè уште се на пат денес. „Дури...

Магазин13 часа

Apple и Samsung ги држат првите 10 позиции на листата на најпродавани мобилни телефони

Во првиот квартал од 2024 година, десетте најпродавани паметни телефони ја поддржаа 5G мрежата. На листата на десет најпродавани модели...

Магазин13 часа

Новите детали покажуваат кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple на iOS 18

Шефот на Apple, Тим Кук, неодамна зборуваше за новите AI функции, а повеќе детали за ова ни носи порталот AppleInsider....

Магазин13 часа

Threads има 150 милиони корисници

Апликацијата Meta Threads сега има повеќе од 150 милиони месечни корисници, што е зголемување за околу 20 милиони нови корисници...

Магазин13 часа

iPhone 17 Slim ќе го замени моделот Plus во генерацијата на телефони на Apple следната година

Додека се уште го чекаме излегувањето на линијата телефони iPhone 16, информациите за оној по него се веќе тука, меѓу...

Магазин13 часа

LinkedIn воведе дел за игри

Иако е препознаена како деловна мрежа, LinkedIn сака на корисниците да им понуди некои нови искуства. Досега главно беа поврзани...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (7 мај)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Магазин1 ден

Карактеристики што ги наследуваме од родителите, една е клучна за успехот во животот

Секој барем еднаш во животот слушнал нешто како „ги имаш очите на мајка ти, но темпераментот на татко ти“ или...

НАЈЧИТАНИ