Временска прогноза
Ветерот ќе донесе влажен воздушен бран и нови дождови викендов

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре локално ќе биде нестабилно особено попладне со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Значителен пад на температурите на воздухот ќе има во недела кога ветерот ќе го промени својот правец во северен и на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Максималните температури во недела ќе се искачуваат во интервалот само од 5 до 14 степени.
Стабилизирање на времето ќе има на самиот почеток од следната недела.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Најнови информации за времето периодов

Периодот кој што е пред нас ќе донесе доста променливо време проследено со почести врнежи од дожд, како и врнежи од снег на планинските места низ државава.
Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, додека на планините ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, понекаде и умерен ветер од западен и од југозападен правец, додека попладне и кон крајот на денот Долж Повардарието ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, додека во крајните југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 20 степени.
Потоа во четврток и во петок ќе имаме претежно суво време. Односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека за време на викендот под влијание на влажен воздушен бран ќе има врнежи од дожд насекаде, додека на планините врнежите ќе бидат од снег, додека температурите ќе бележат тенденција на пад и за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
Променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините ќе се задржи и на почетокот од следната недела. Врнежите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Уште денес сончево и топло, од утре пороен дожд и грмежи

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Кон крајот на денов облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 21 степен.
Потоа од утре следува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Особено од среда температурите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека на повисоките планини ќе има и повремен снег.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак ќе имаме дестабилизација на времето, ова се најновите детали

За време на овој викенд, како и во понеделник како што веќе најавивме ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, додека во понеделник ќе биде уште потопло со максимална температура која ќе се искачува во интервалот од 15 до 22 степени.
Од вторник па натаму се очекува нова промена на временската состојба кај нас. Облачноста ќе се зголемува и ќе има нови повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер и тоа најпрвин од јужен и југозападен правец, додека од среда навечер ветерот ќе го промени својот правец во северен а температурите ќе опаѓаат, со што на повисоките планини ќе има услови за повремен снег.
Автор: Славчо Попоски
-
Магазин2 дена
Убава вест, пејачот Влатко Миладиноски стана татко по втор пат, Илинче доби сестричка
-
Спорт2 дена
Легендарниот кичевски „ФК Напредок“ пред згаснување, се апелира за било каква помош
-
Без категорија2 дена
Хороскоп за денес (13 април) вторник
-
Македонија1 ден
Нови 1.129 ковид случаи, починале 27 лица, Кичево бележи 27 нови случаи денес
-
Кичево7 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавен прекин на електрична енергија од половина час во следните кичевски села утре
-
Кичево8 часа
Во Кичево пронајдена неексплодирана граната, од ДЗС е безбедно подигната
-
Кичево1 ден
Вчера се запалил електричен столб на улица „Ужичка Република“, нема повредени
-
Хороскоп3 дена
Денешен Хороскоп (12 април) понеделник