Македонија
ЦУК: Поради пожар целосно затворен патниот правец за сообраќај од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод

Македонија
Пожарот кај с.Челопеци и Миокази кичевско ставен под контрола, во прилог состојба со пожари ширум Македонија до утрово

На ден 11/12.08.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои активен е 1 пожар, под контрола е 1 пожар, и изгаснати се 14 пожари, известува ЦУК.
АКТИВНИ: 1
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменското подрачје Јасен (мешана шума)
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Кичево: с. Челопеци – с. Миокази (мешана шума)
ИЗГАСНАТИ: 14
1. Општина Босилово: с. Сарај (горел отпад)
2. Општина Куманово: с. Табановце (ниска вегетација)
3. Општина Врапчиште: с. Ломница – с. Калиште (мешана шума)
4. Општина Тетово: Тетово (ниска вегетација и ѓубре)
5. Општина Кочани: м.в. Трајаново трло (ниска вегетација)
6. Општина Ресен: с. Долно Дупени (дабова шума и ниска вегетација)
7. Општина Ново Село: с. Старо Коњарево (ѓубре)
8. Општина Крушево: с. Бучин (ниска вегетација)
9. Општина Теарце: с. Теарце (ниска вегетација)
10. Општина Куманово: с. Романовце (ниска вегетација)
11. Општина Сарај 1: с. Радуша – с. Свиларе (ниска вегетација и мешана шума)
12. Општина Сарај 2: с. Шишево (ниска вегетација)
13. Општина Арачиново: с. Арачиново (ниска вегетација)
14. Општина Прилеп: м.в. После затворот (ниска вегетација)
Извор: ЦУК
Македонија
Од ноќеска дизел и бензин горивата поевтинуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.
Македонија
Одделот за внатрешна контрола при МВР констатира непрофесионално однесување во случајот со Демир Хисар, началник ќе биде разрешен

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка.
Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата.
МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните.
-
Кичево21 час
(ФОТО) Во кичевската гимназија „Мирко Милески“ денес за прв пат се одржа свечено доделување на дипломи за матуранти
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (11 август)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за вторник (12 август)
-
Кичево21 час
Вчера малолетник од Кичево се здобил со тешки телесни повреди управувајќи електричен тротинет во сообраќај
-
Македонија3 часа
Пожарот кај с.Челопеци и Миокази кичевско ставен под контрола, во прилог состојба со пожари ширум Македонија до утрово
-
Македонија2 дена
Одделот за внатрешна контрола при МВР констатира непрофесионално однесување во случајот со Демир Хисар, началник ќе биде разрешен
-
Македонија22 часа
Од ноќеска дизел и бензин горивата поевтинуваат
-
Автомобили23 часа
Еве кои предмети не треба да останат во автомобил на лето и во екстремно топли температури