Следете не

Занимливости

Дали сте се запрашале што е разликата помеѓу телевизорите „QLed“ и „OLed“, звучи слично но сепак се различни

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Kevin Woblick

Ако сте во потрага по нов телевизор, сигурно сте се запрашале за оваа работа поради големиот избор и разни технички поими. Меѓу нив најчесто се спомнуваат „QLED“ и „OLED“, два вида технологии кои иако звучат слично, работат на сосема различен начин.

Што значат овие термини?

  • OLED значи „органска диода што емитува светлина“. Кај OLED, секој пиксел сам по себе свети или се гаси, што овозможува совршена црна боја и бесконечен контраст.

  • QLED (термин што го користи Samsung) значи „Quantum Dot LED“. Тоа е всушност напредна верзија на LCD телевизор, каде што се користи слој од квантни точки за подобри бои, но сепак е потребно LED позадинско осветлување.

Како функционираат?

  • OLED технологијата користи „емисивни“ пиксели – тие сами ја создаваат светлината.

  • QLED се потпира на надворешен извор на светлина кој ја осветлува екранот преку неколку слоеви.

Квантните точки кај QLED се мали честички кои светат со специфична боја кога ќе бидат осветлени, а тоа помага сликата да биде поостра и поразновидна во боите.

Кој ги произведува?

Samsung е лидер во QLED технологијата и нуди многу модели во 4K и 8K резолуција. Но и TCL, Amazon и други компании имаат свои QLED телевизори.

LG е водечки производител на OLED телевизори, но и Sony, Sharp, а од неодамна и Samsung нудат OLED модели. Всушност, сите OLED панели што ги гледате на пазарот се произведени од LG или Samsung.

Samsung од 2022 година прави и свои QD-OLED панели, кои ја комбинираат OLED основата со квантни точки за подобра осветленост и боја.


Споредба: OLED vs QLED

1. Контраст и црна боја:
OLED победи без конкуренција. Пикселите можат целосно да се исклучат, па црната боја е вистински црна, не сивкаста како кај QLED. Кај QLED, светлината од позадината често „протекува“, па белите објекти може да имаат ореол околу нив.

2. Осветленост:
QLED телевизорите се посветли, што е важно во простории со многу светлина. Но, OLED иако е послаб по светлина, благодарение на контрастот сè уште нуди подобар HDR ефект.

3. Гледање од страна:
OLED ги задржува боите и контрастот без разлика од каде го гледате екранот. QLED може да изгуби на квалитет при аголен поглед.

4. Резолуција и боја:
И двете технологии поддржуваат 4K и 8K. Нема голема разлика во обработката на бојата, иако QD-OLED дава мала предност во боите.

5. Големина и цена:
QLED телевизорите се поевтини и достапни во повеќе големини – од 32 до 98 инчи.
OLED телевизорите се поскапи, особено во големи димензии (над 65 инчи), и обично ги има од 42 до 97 инчи.

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во најголемиот рудник за јаглен во Полска, истражувачи откриле остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години

Објавено пред

на

ФОТО: Juliana e Mariana Amorim @ Unsplash.com

Истражувачи откриле остатоци од древен крокодил стар околу 17 милиони години во најголемиот рудник за јаглен во Полска, Белхатов. Се работи за изумрен вид што припаѓал на семејството гавијали – блиски роднини на денешните крокодили и алигатори – кој живеел во миоценската епоха.

– Најдени биле фосили од череп, заби, скелет и фрагмент од кожна обвивка наречена остеодерм. Овој мал фосилен дел, со дијаметар од само 30 мм, бил откриен во јуни 2023 година во седименти на дното од езеро во рудникот. Иако првично изгледал како обично парче коска, деталната анализа покажала дека станува збор за дел од кожа од крокодил.

Според научниците, остатоците припаѓаат на видот диплоцинодон – изумрен вид влекач. Интересно е што ова е најсеверната точка на која досега се пронајдени фосили од крокодили од миоценот, иако има и постари откритија од периодот на креда, како на пример во Шведска.

Миоценот бил период со топла и влажна клима, што овозможило развој на богата флора и фауна. Крокодилите од тоа време можеле да пораснат и до шест метри, додека помалите, кои живееле во слатки води, достигнувале должина од три метри.

Фосилот сега е сочуван во Музејот на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава, а резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Acta Palaeontologica Polonica, пренесува notesfrompoland.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп10 часа

Хороскоп за петок (10 октомври)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Кичево20 часа

В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад...

Македонија22 часа

На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола

Во периодот од 01.01.2025 година заклучно со минатиот месец 30.09.2025 година во рамки на континуираните полициски активности во делот на...

Временска прогноза1 ден

Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито

Од денес (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (9 октомври)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Хроника2 дена

Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено

На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во...

Македонија2 дена

Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!

Во сабота по повод „11-ти октомври“, Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. Истиот е предвиден да започне од...

Фото: Charlie Deets @ unsplash Фото: Charlie Deets @ unsplash
Автомобили2 дена

Tesla воведува поевтини модели: Дали тоа ќе ја зголеми продажбата?

По официјалната презентација на новите поевтини модели, цената на акциите на Tesla падна. Иако компанијата конечно претстави попристапни верзии на...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин2 дена

Инсталацијата на Windows 11 станува сложена, потребни се интернет и сметка на Microsoft!

Microsoft целосно ги укина сите начини за инсталирање на Windows 11 без интернет-врска и сметка на Microsoft. Од сега, интернет...

Фото: Judy Beth Morris @ unsplash Фото: Judy Beth Morris @ unsplash
Lifestyle2 дена

Не ја потценувајте моќта на друштвените игри: Еве како тие им користат на децата и ги учат да бидат подобри луѓе

Друштвените игри често ги гледаме само како забава, но нивното влијание врз децата е многу подлабоко. Додека се смеат, ги...

НАЈЧИТАНИ