Скопје
Делови од Скопје денес без електрична енергија поради работа на електродистрибутивната мрежа
Скопје
Среќен крај, МВР истакна дека е пронајдена девојката од Албанија која студирала во Скопје
Денеска (31.03.2024) во 18.05 часот во близина на хотел „Белви“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа Е.Ч. (20) од Република Албанија, за која од страна на нејзина другарка вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот. Е.Ч. е во добра здравствена состојба, известува МВР.
Скопје
Информација за извршена времена измена на режим на сообраќај од автопат после „Маџари“ до клучка „Белви / Скопје-Куманово
Од денес 26.03.2024 година од 14:15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.
Извор: АМСМ
Скопје
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради верскиот празник „Задушница“
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 09.03.2024 (сабота) поради верскиот празник Задушница од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
-
Кичево2 дена
Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (22 април)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Спорт2 дена
Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите
-
Македонија23 часа
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Автомобили2 дена
„Toyota“ спрема нешто големо во автомобилизмот, еве за што станува збор..
-
Lifestyle1 ден
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин1 ден
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука