Кичево
(ФОТО) Денес традиционално во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ со свеченост се одбележа 21-ви Мај – Денот на единицата
Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ – Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1 пешадиска бригада (1. пбр) традиционално го одбележаа 21-ви Мај – „Денот на Единицата“, која ги продолжува традициите на формирањето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред.
Во текот на одбележувањето на денот со пригодни говори и честитки на свеченоста, се обратија командантот на 1.пб потполковник Зоранче Ристовски и командантот на 1.пбр бригаден генерал Сашко Лафчиски. Командантите во своите говори се навратија на историјата на единицата, ангажирањето во изминатиот период, сегашните ангажирања и активностите кои претстојат во наредниот период.
За подготвеноста, професионалноста и постигнатите резултати за најдобар вод беше прогласен извидничкиот вод, од комамндна чета, од составот на баталјонот, доделени беа и стимулативни мерки на персоналот кој најмногу се истакна во изминатиот период.
– Во пресрет на денот на единицата во соработка со Црвениот Крст и одделот за трансфузиологија реализирана беше крводарителна акција со која што персоналот доброволно даруваше крв, дарувани се 97 единици на крв.
На манифестацијата исто така со свеченост беа доделени плакети, благодарници и награди за пензионираните војници (старешини) Зоран Божиновски и останатите колеги, потполковникот Ристовски, како и бригадниот генерал Лафчиски им посакаа долги пензиски денови, во многу здравје, среќа и бериќет.
На самиот крај, одбележувањето заврши со реализација на тактичко технички збор (ТТ-збор) во неколку работни точки, на кој присутните гости, со разгледување имаа можност да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата со кои е опремена единицата.
Нашиот медиум како и секоја година редовно е почестен со покана за овие величествени настани, така што овогодишниот 21-ви Мај – Денот на единицата ви го пренесуваме преку фотографија:
Д.Б.
Кичево
Утрово избувнал пожар во комбе од локалната самоуправа од Кичево, повредени нема, интервенирала ТППЕ.
На 12.12.2024 во 07.08 часот во ОВР Кичево, С.М.(44) од Кичево пријави дека, откако го стартувал возилото комбе „ивеко“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на локалната самоуправа од Кичево, настанал пожар.
Повредени лица нема, интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, а увид на местото извршија полициски екипи, за медиумите извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ивана од Кичево и оваа година изработи новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како и ланската година ТУКА, продолжува и оваа година, со голема радост ја најави нејзината традиционална хуманитарна Новогодишна акција со илустрирани честитки!
Овојпат на располагање се свежи дизајни, од носталгични, зимски ноќи…
– Иако лани имаше супер одзив за персонализирани честитки, поради временска ограниченост, решив и оваа година да илустрирам и испринтам 4 дизајни кои од денес се достапни за продажба, за Порта.мк накратко истакна Ивана.
✨ 1 честитка = 50 мкд. ✨
💚 СИТЕ СРЕДСТВА НА КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ СЕ НАМЕНАТ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ! 💚
💌 НАРАЧКИ ВО ИНБОКС ТУКА! 💌
На линковите се хуманитарните дела, од искористените средства од претходните години:
https://tinyurl.com/2v7772es
https://tinyurl.com/m8k2bt5a
https://tinyurl.com/mrywnb5b
Инаку како што наведува таа на својата социјална мрежа, честитките ќе бидат достапни на неколку базари низ декември, вклучувајќи и на училишни базари на неколку училишта (средствата ќе одлучат како да си ги искористат самите училишта), а -можеби- и ќе имаат физичка локација за која што ќе Ве известам понатаму. Ама засега 💌 НАРАЧКИ ВО ИНБОКС! 💌
Дополнително истакна дека илустрациите ср правени со огромна радост и посветеност, така што ср надева дека ќе Ве инспирираат, како и претходни зими, така и оваа, заедно да стоплиме нечие срце 💚
СПОДЕЛЕТЕ, ПОРАЧАЈТЕ ЧЕСТИТКА, ДА ШИРИМЕ УБАВИ РАБОТИ! 💚
Секоја чест!
Кичево
(ФОТО) Концертот на Лука Лазарески кој се одржа вчера е најубавото нешто што му се случило на град Кичево последниве неколку години!
Вчера во одличен амбиент и со максимална поддршка се реализираше долгоочекуваниот концерт на Лука Лазарески во АТВА Резиденс – Кичево. Беше навистина специјална вечер, вечер која го оправда вложениот труд, присутните уживаа во прекрасната програма, со настапите на Камерниот оркестар Битола, специјалниот гостин Игор Џамбазов заедно со Гуру Харе. Дополнително, настапија Марко Лазарески, Тамара Грујеска, Теодора Матеска, Бојан Трајкоски, Наде Талеска
Водител на настанот беше актерот Владо Дојчиноски. Концертот да потсетиме е резултат на огромна посветеност, труд и љубов кон музиката благодарение на генералниот спонзор „Казино 77777“, како и поддршката од IStyle, Атва Резиденс Хотел, Атва Маркети, Автоделови Боби Доминатор, Макси Маркет, Горсај и Divano бутик Прилеп, поддржан од ПОРТА.мк, така што овој настан ќе биде запаметен како вистински културен спектакл, најдоброто нешто што му се случило на град Кичево последните неколку години!
Во продолжение, погледнете ја галеријата преку нашиот објектив, фотографиите се овозможени за download на следниот линк ТУКА:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (13 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег
-
Хороскоп19 минути
Хороскоп за сабота (14 декември)
-
Магазин1 ден
Не секој iPhone е ист: Како да дознаете од каде доаѓа вашиот уред
-
Спорт10 часа
Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026
-
Магазин1 ден
iOS 18.2: Вештачката интелигенција го прави iPhone попаметен
-
Магазин1 ден
Threads тестира напредни функции за пребарување
-
Технологија2 часа
(ВИДЕО) Што може најмоќната „Google AI“ – „Gemini 2.0“ ?