Кичево
Добредојде за ПЗУ „Д-р Крсте Трајковски“ – Кичево, нова специјализирана здравствена установа, затоа што вашето здравје е на прво место!

Добредојде за ПЗУ „Д-р Крсте Трајковски“, приватна здравствена установа која се наоѓа на ул. „Пиринска“ бр. 13 – Кичево. Специјализиран објект со работно време од 08:00 до 16:00ч, за викенд достапни само за итна интервенција. Најсовремените апаратури на ЕКГ, отоскопија и офталмоскопија, нуди соодветна дијагноза и третман на најразлични болести кај пациенти од најмала до најстара возраст.
За себе велат дека особено внимание посветуваат на превенција, дијагноза и третман на болести кај најмладата педијатриска популација, секогаш тука за сите пациенти, реализација на домашни посети за бебиња и постари пациенти кои имаат терминален стадиум на тешки болести.
Д-р Трајковски кој веќе е активен лекар по семејна медицина повеќе од 14 години во Кичево е вистинското решение за вашето здравје, контакт тел: 070/841-914
Во прилог, мал дел фотографии преку нашиот објектив:
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт2 дена
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје10 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Временска прогноза18 часа
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (6 јули)