Македонија
Денес 183 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починале 18 пациенти
Во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 132
• Куманово – 13
• Кавадарци – 6
• Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3
• Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2
• Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица – по 1
Пријавени се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (85г, 80г, 69г, 67г, 64г, 61г, 59г, 57г, 52г), 4 починати лица од Кавадраци (88г, 88г, 72г, 60г), по две починати лица од Тетово (81г и 48г) и Битола (81г, 79г), едно починато лице од Гостивар (78г). Од пријавените 18 лица, 16 се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 531 оздравени пациенти од:
• Скопје – 189
• Тетово – 68
• Струмица – 32
• Гостивар – 26
• Дебар – 24
• Кавадарци – 23
• Куманово – 22
• Кичево – 17
• Битола и Штип – по 12
• Прилеп, Велес, Свети Николе и Берово – по 11
• Делчево – 9
• Крива Паланка и Ресен – по 8
• Пробиштип – 7
• Кочани – 6
• Македонски Брод – 5
• Радовиш – 4
• Неготино и Валандово – по 3
• Кратово и Крушево – по 2
• Струга, Гевгелија, Македонска Каменица, Богданци и Пехчево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705 бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045
Македонија
АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента
Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово известува АМСМ.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
По краткиот прекин предизвикан од според најверојатно технички околности, услугата со „VISA“ картичките е нормализирана и граѓаните повторно можат без проблем да ги користат своите дебитни и кредитни картички при плаќање гориво и други производи, дознава Порта.мк од релевантни извори.
Од денес, на сите бензински станици низ државата што се дел од мрежата на „ЛУКОИЛ Македонија“, плаќањето со „VISA“ картички е повторно целосно овозможено и функционира непречено.
За граѓаните ова значи враќање на целосната функционалност и олеснета услуга при користењето на платежните картички на бензинските станици од „ЛУКОИЛ Македонија“, ширум Македонија.
Македонија
(ФОТО) МВР: Поради одрон кај Царев Двор-Отешево во прекин е сообраќајот во двата правци кај Ресен, односно Стење
Денеска (25.11.2025) од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење.
Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена, известува МВР.
-
Кичево2 денаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево24 часаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија18 часа„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Хроника2 денаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза2 денаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Временска прогноза11 часаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
