Wizz Air, најголемиот авиопревозник во Македонија и еколошки најодржливата авиокомпанија во EMEA регионот¹, со задоволство најавува значителна експанзија во земјата, додавајќи шести авион во својата база во Скопје, како и 13 нови рути. Оваа експанзија доаѓа по успешниот исход од учеството на Wizz Air на неодамнешниот јавен тендер, што и овозможи на авиокомпанијата дополнително да инвестира во македонскиот авијациски сектор.
Со билетите кои се достапни веќе од денес, Wizz Air додава пет нови линии во својата мрежа, поврзувајќи го Скопје со Будимпешта и Неапол, а Охрид со Милано, Катовице и Вроцлав, во дополнение на веќе најавените рути годинава. Со стартот на овие 13 долгоочекувани рути од аеродромите во Скопје и Охрид управувани од ТАВ Македонија, Wizz Air ќе ја поврзува Македонија со 41 дестинација во 17 земји низ Европа. Директните линии се веќе достапни за резервација на wizzair.com wizzair.com и мобилната апликација на авиокомпанијата mobile app.
Како дел од оваа стратешка експанзија, Wizz Air додава шести авион во базата во Скопје и ја модернизира целата своја флота со најсовремени Airbus A321neo до крајот на оваа година. Со оваа надградба капацитетот на седишта ќе се зголеми за 55%, со што Wizz Air ја потврдува својата позиција како несомнен лидер на македонскиот авио-пазар.
Денеска е значаен момент што ја потврдува посветеноста на Wizz Air за поврзување на Македонија со клучните европски градови и отворање нови можности за патници и економски развој.
„Нашата упорност, стратешките инвестиции и неодамнешното славење на 15-милионитиот патник ја потврдуваат нашата долгорочна посветеност кон Македонија. Веруваме дека силниот авијациски сектор е клучен за економскиот развој и туристичкиот раст на земјата. Оваа експанзија ја проширува регионалната поврзаност, отворајќи ги вратите на Македонија пред европските патници. Нашата континуирана соработка со ТАВ Македонија беше клучна за постигнување на овие успеси, одразувајќи ја нашата заедничка посветеност за подобрување на авијациската инфраструктура и искуството на патниците. Let’s WIZZ!“, истакна извршниот директор на Wizz Air, Јожеф Варади
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми – членка на француската Groupe ADP (Aéroports de Paris), ја започна својата соработка со нискобуџетната унгарска авиокомпанија во јуни 2011 година, со првиот лет од Меѓународниот аеродром Скопје до Лондон – Лутон. Оттогаш, Wizz Air стана составен дел од македонската авијациска сцена, а во јули 2025 година заедно со ТАВ Македонија го прослави 15-милионитиот патник во годината кога аеродромот слави 15 години.
Во моментов Wizz Air вработува повеќе од 200 луѓе во Македонија и останува посветена на поддршката на локалната економија преку инвестиции и вработување. Компанијата ја цени поддршката на Владата, која го препознава значењето на авијацискиот сектор за економски раст, поврзаност и развој на туризмот.
– „Со проширување на мрежата на рути, двата македонски аеродроми ја зајакнуваат својата улога како клучни кон Европа и пошироко. Овие нови авиолинии се резултат на нашата стратешка соработка со Владата и авиокомпанијата Wizz Air, со цел зголемување на можностите за патување и мобилност на граѓаните. Убеден сум дека новите дестинации како Неапол од Меѓународниот аеродром Скопје, Милано и Вроцлав од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, како и враќањето на Будимпешта од скопскиот аеродром и Катовице од охридскиот аеродром, ќе бидат привлечни за граѓаните и ќе придонесат за конкурентноста на двата аеродроми во регионот.“ изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија
Во моментов Wizz Air вработува повеќе од 200 луѓе во Македонија и останува посветена на поддршката на локалната економија преку инвестиции и вработување. Компанијата ја цени поддршката на Владата, која го препознава значењето на авијацискиот сектор за економски раст, поврзаност и развој на туризмот.
НОВИ WIZZ AIR РУТИ ОД МАКЕДОНИЈА
New Route |
Frequency |
|
|
Скопје – Бари |
3x weekly |
|
|
Скопје – Неапол |
3x weekly |
|
|
Скопје – Будимпешта |
3x weekly |
|
|
Скопје – Келн |
4x weekly |
|
|
Скопје – Штутгарт |
3x weekly |
|
|
Скопје – Ларнака |
2x неделно |
|
|
Скопје – Мадрид |
3x неделно |
|
|
Скопје – Прага |
3x неделно |
|
|
Скопје – Стокхолм |
3x неделно |
|
|
Охрид – Базел |
2x неделно |
|
|
Охрид – Милано |
2x неделно |
|
|
Охрид – Катовице |
2x неделно |
|
|
Охрид – Вроцлав |
2x неделно |
|
|
/ПР (Wizz Air Macedonia)