Следете не

Македонија

Да му помогнеме на музичарот Гоце Талевски од Битола, кој ја има најважната битка против Ковид-19

Објавено пред

на

Семејството на Гоце Талевски и неговиот музички состав – група Оскар од Битола, поради настанатите компликации од Ковид-19, замолуваат за помош кој колку може да помогне, затоа што поради сериозноста на здравствената слика Гоце морал да биде пренесен во приватна болница.

Трошоците за лекување се високи и потребна им е финасиска помош за Гоце.

Ова е трансакциска сметка за донации:
Стопанска банка А.Д. Скопје

200002956069075
На име Љупчо Талевски (брат).

– Исто така апелираат на своите битолчани и хумани луѓе во регионот, сите кои сакаат да помогнат со поставување на кутии за донации во дуќани, јавни претпријатија и секаде каде има согласност, сите кои можат да пуштат барања за донации во претпријатијата во кои работат и сите кои можат на некој начин да помогнат да го контактираат семејството на Талевски.

Да му помогнеме на Гоце да ја победи најважната битка против опасниот Ковид-19 и жив и здрав да му се врати на семејството Талевски.

Извор: Шеталиште & група Оскар

Македонија

ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Објавено пред

на

©porta.mk

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија во с.Самоков, потточно во фаб. за муниција.

ЦУК предмалку го истакна следново:

Денес до 18:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни

АКТИВНИ: 8

1. Општина Прилеп: с.Бешиште (приземен во мешана шума);

2. Општина Македонски Брод 1: с.Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки);

3. Општина Чашка: под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);

4. Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација).

5. Општина Македонски Брод 2: нас.Самоков во фабриката за муниција и оружје “Сувенир” (Опожарен е магацин /хала со гуми и палети )

6. Општина Македонски Брод 3: с.Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)

7. Старо Нагоричане: с.Белаковце ( гори шума)

8. Општина Дојран с.Николич (нискостеблеста шума)

Прочитај повеќе...

Македонија

Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за сите дополнителни информации соодветно ќе ја информираат јавноста.

Прочитај повеќе...

Македонија

Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Објавено пред

на

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес со епицентар во подрачјето на Валандово, на 123 км југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 2.9 според Рихтеровата скала.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и нивната блиска околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Извор: ЦУК /Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за среда (9 јули)

Овен  Потрудете се да размислувате малку поразумно кога се работи за љубовта и романсата. Можеби ќе треба да бидете малку...

Кичево8 часа

Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“

Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на...

Магазин15 часа

Најдобрите телефони на Xiaomi можеби ќе добијат голема промена

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi планира значителна промена во стратегијата за мобилна фотографија. Според доверливи извори, компанијата ќе ја прекине соработката...

Магазин15 часа

YouTube Create конечно достапен и на iOS: Видео едитор за мобилни уреди пристигнува на iPhone

По речиси две години од првото појавување, мобилната апликација за уредување видеа YouTube Create конечно пристигнува и на iOS уредите,...

Lifestyle15 часа

Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена

Ако сакате да се ослободите од тврдокорните маснотии на стомакот, чувството на тежина и надуеноста – а немате време за...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (8 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Скопје1 ден

Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од...

Спорт1 ден

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден. По одиграните натпревари кои завшрија со следните...

Македонија1 ден

ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија...

Спорт1 ден

Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со...

НАЈЧИТАНИ