Македонија
Денес 393 нови случаи на Ковид, починале 20 лица
Во последните 24 часа направени се 2.974 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 187
• Куманово – 34
• Велес – 30
• Штип – 21
• Прилеп – 14
• Охрид и Струмица – по 11
• Крива Паланка – 10
• Тетово и Кичево – по 8
• Битола, Кавадарци и Пробиштип – по 7
• Кочани – 6
• Виница – 5
• Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица – по 4
• Ресен и Богданци – по 3
• Кратово – 2
• Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 20 лица: 9 починати лица од Скопје (52г,54г, 54г,69г,75г,80г ,81г,82г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (82г и 86г), Струга(56г и 68г) и Велес (69г и 76г), и по едно починато лице од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до
02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани сe 397 оздравени пациенти од:
• Скопје – 195
• Куманово – 44
• Велес – 20
• Кавадарци – 19
• Прилеп – 17
• Штип – 13
• Кочани – 11
• Битола и Охрид – по 10
• Кичево и Крива Паланка – по 7
• Кратово – 6
• Тетово и Радовиш – по 5
• Виница и Валандово – по 4
• Струмица, Делчево и Пробиштип – по 3
• Струга, Гевгелија и Неготино – по 2
• Гостивар, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846 бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
Македонија
РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“
Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со запален мотор на полетување“ што се одржа на охридскиот аеродром „ Св.Апостол Павле“.
Притоа, полициските службеници, ги увежбуваа и ги спроведоа предвидените мерки согласно безбедносните протоколи и постапија по план за преземање активности за реакција и поддршка во услови на појава на безбедносни инциденти на воздухоплов.
Целта на оваа вежба беше подигнување на степенот на оперативност на предвидените тактичко технички мерки на сите служби во насока на брза и ефикасна реакција при случаи на појава на безбедносен инцидент со воздухоплов, ажурирање на координативните мерки , меѓусебната комуникација и информирање за инциденти и сл.
– Во вежбата учество зедоа ТАВ „Аеродром“- Охрид, АКЛ, противпожарни екипи од „ТАВ“ и ТППЕ „Охрид“ и ТППЕ „Струга“, медицински екипи од „ТАВ“ и амбуланта „Охрид“ и „Струга“, „Црвен Крст“. Вежбата успешно заврши со покажана висока ефективност во реализацијата на предвидените безбедносни мерки, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево2 денаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Култура2 денаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (4 декември)
-
Временска прогноза2 денаДождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
-
Хороскоп6 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Технологија2 дена„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура
-
Спорт2 денаБлагоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
-
Здравје и убавина20 часаСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
