Следете не

Македонија

Денес 495 нови случаи на Коронавирус, починале дури 13 пациенти, ова е билансот по градови..

Објавено пред

на

Во последните 24 часа направени се 4.145 тестирања, а регистрирани се 495 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 228
• Кавадарци – 30
• Велес – 27
• Битола – 24
• Штип – 21
• Прилеп – 20
• Куманово – 17
• Крива Паланка – 13
• Кочани – 12
• Тетово – 11
• Кичево, Гевгелија и Берово – по 10
• Неготино – 7
• Охрид и Валандово – по 6
• Пробиштип – 5
• Гостивар, Свети Николе, Радовиш и Ресен – по 4
• Струга, Делчево и Демир Хисар – по 3
• Струмица, Виница, Кратово, Богданци и Дојран – по 2
• Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 81г и 86г), 2 починати лица од Куманово (63г и 74г) и по едно починато лице од Прилеп (98г), Битола (61г), Велес (36г), Кавадарци (73г), Охрид (69г), Кочани (69г), Пробиштип (63г) и Крива Паланка (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 308 оздравени пациент од:
• Скопје – 143
• Куманово – 28
• Велес – 21
• Прилеп – 17
• Штип – 15
• Битола – 14
• Крива Паланка – 12
• Кавадарци – 11
• Струмица – 10
• Кочани – 7
• Кичево – 5
• Радовиш, Делчево, Виница и Кратово – по 3
• Неготино, Пробиштип и Ресен – по 2
• Тетово, Гевгелија, Валандово, Свети Николе, Струга, Демир Хисар и Богданци – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750

Македонија

(ФОТО) Полиција од РЦ Запад, Франгово и Лабуништа запленија огревно дрво, безправно исечени, сторителите во бегство

Објавено пред

на

ФОТО: СВР Охрид

На 08.08.2025 година во  14:30 часот, при контроли извршени кај месноста „Студенец“ во атарот на струшкото село Радолишта, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Франгово и Лабуништа, при граничната полиција регионален центар „Запад“, пронајдоа, два трактори без регистарски ознаки, натоварени со буково огревно дрво.

Две лица кои вршеле бесправна сеча со моторна пила, откако ги забележале полициските службеници, избегале од местото оставајќи ги тракторите, моторните пили и другата опрема.

– При извршен увид, констатирано е дека се работи за бесправна сеча на дрво за огрев од околу 60 метри просторни кои, по консултација со јавен обвинител, се предадени на претставници на Шумското стопанство од Струга.

По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој

Објавено пред

на

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, Регионалниот центар Запад, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во селото Велешта од слобода ги лишија албанските државјанки М.И.(35), Е.И.(41), Е.Т.(30), Р.К.(34), Е.Т.(33) и Е.Т.(31).

При контрола во објектот било констатирано дека го немале регулирано престојот во земјава.

Тие биле спроведени во ОВР Струга за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах

Објавено пред

на

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ од член 319 од Кривичниот законик.

Пријавениот на 05.08.2025, непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабах“, со истакнување и веење на знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност. Полициски службеници го лишиле од слобода додека Основниот кривичен суд Скопје веднаш изрече пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и го осуди на условна казна затвор од две години и донесе одлука да го протера и да му забрани влез во државава во следните пет години.

МВР и Јавното обвинителство продолжуваат да преземаат координирани активности за откривање и идентификување на сторители на кривични дела на ширење на омраза и нетрпеливост поврзани со спортски натпревари. Веднаш по идентификацијата на сторителите, тие ќе бидат процесуирани во согласност со надлежностите на јавното обвинителство, информираше МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

(ФОТО) Полиција од РЦ Запад, Франгово и Лабуништа запленија огревно дрво, безправно исечени, сторителите во бегство

На 08.08.2025 година во  14:30 часот, при контроли извршени кај месноста „Студенец“ во атарот на струшкото село Радолишта, полициски службеници...

Временска прогноза15 часа

Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд

Територијата во Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето се до 15 август (петок) во...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за сабота (9 август)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Кичево18 часа

(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето

Денес 08 август пред храмот „Св.Параскева“ позната како „Св.Петка“ во кичевското с.Мидинци се освети новиот Крст, симбол на нашата вера,...

Култура1 ден

Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка

Денес се одбележува споменот на Преподобната маченичка Параскева, која во народот е позната и како Света Петка. Таа е родена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (8 август)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Македонија2 дена

РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, Регионалниот центар Запад, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, ПО...

Македонија2 дена

МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело...

Автомобили2 дена

Ford открива повеќе за новите буџетски возила

Најавата доаѓа со големи очекувања • Ford ќе открие повеќе информации за своите претстојни евтини електрични возила на настан што...

Lifestyle2 дена

Пет додатоци во исхраната што никогаш не треба да ги земате со кафе

Навиката со утринското кафе може да ја намали ефикасноста на суплементите За многу луѓе, денот не може да започне без...

НАЈЧИТАНИ