Македонија
Денес 7 починати и 436 нови случаи на Ковид-19
Во последните 24 часа направени се 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 203
• Битола – 24
• Куманово и Кавадарци – по 22
• Велес и Штип – по 21
• Прилеп – 19
• Кочани – 16
• Тетово – 12
• Пробиштип – 9
• Охрид – 8
• Неготино и Свети Николе – по 6
• Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 5
• Струмица и Берово – по 4
• Гевгелија, Кратово и Дојран – по 3
• Гостивар , Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 2
• Струга, Крушево и Македонска Каменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (66г,69г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (79г), Охрид (76г), Демир Хисар (17г) и Штип (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Гостивар по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои 2 се починати во болнички услови а 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 321 оздравени пациент од:
• Скопје – 145
• Куманово – 32
• Штип и Прилеп – по 20
• Велес – 17
• Кочани – 14
• Кавадарци – 12
• Битола – 9
• Крива Паланка – 8
• Струмица – 6
• Кичево и Гевгелија – по 5
• Тетово и Кратово – по 4
• Пробиштип – 3
• Свети Николе, Гостивар, Ресен, Виница, Крушево, Дебар и Богданци – по 2
• Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а бројот на активни случаи изнесува 6.499
Македонија
СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се, вршат измами за случени сообраќајни незгоди во кои, наводно, жртви или тешко повредени биле членови на нивните семејствата или други нивни роднини.
Со тоа создаваат огромна вознемиреност кај граѓаните, а целта на овие измами е да изнудат пари за наводна помош при понатамошната постапка.
– Апелираме до граѓаните, да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 112 или лично во најблиската полициска станица, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење
1-ви мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата.
Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата.
Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
Македонија
Грк понудил поткуп на „Табановце“ па експресно бил лишен од слобода
На 29.04.2024 во 12.40 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(49) од Република Грција, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При пасошка и гранична контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп.
Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, известуваат од МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (2 мај)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за петок (3 мај)
-
Кичево19 часа
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
-
Кичево11 часа
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
-
Култура1 ден
Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски
-
Македонија2 дена
Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење
-
Магазин2 дена
На децата не треба да им се дозволуваат паметни телефони во рака пред да наполнат 13 години, се вели во експертски извештај на францускиот претседател Макрон