Македонија
Денес 792 нови случаи на Ковид, од нив 22 лица од град Кичево
Во последните 24 часа направени се 1.774 тестови, а регистрирани се нови 792 случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 370
• Битола – 62
• Кавадарци – 41
• Куманово – 39
• Велес – 32
• Прилеп – 31
• Тетово – 29
• Охрид – 27
• Кичево – 22
• Струмица – 18
• Гостивар и Свети Николе – по 14
• Штип и Гевлелија – 13
• Неготино – 11
• Кочани и Крива Паланка – по 9
• Ресен – 8
• Радовиш – 6
• Струга и Дебар – по 5
• Демир Хисар – 3
• Делчево, Берово, Валандово и Крушево – по 2
• Багданци, Кратово и Македонски Брод – по 1
Од вкупниот број на позитивни (792), регистрирани се 203 реинфекции.
Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од:
• Скопје – 171
• Битола – 27
• Куманово – 18
• Прилеп – 15
• Тетово – 12
• Кавадарци и Велес – по 9
• Охрид – 8
• Гостивар – 7
• Кочани – 6
• Неготино и Крива Паланка – по 5
• Гевгелија – 4
• Струмица, Штип и Радовиш – по 3
• Кичево, Ресен, Делчево и Валандово – по 2
• Свети Николе, Крушево, Пробиштип и Демир Капија – по 1
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Скопје (79г) и Гостивар (75г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14.07.2022 -18.07.2022г.
Направени се 1.774 тестови преку: ИЈЗ-272, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-43, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–154, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-59, Биотек-88, Систина-41, лабораторија Лаор-18, Синлаб-26, Ремедика-11, Плодност-24, Генеа-21, Никоб Лаб-103, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 676.
Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Кичево8 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Хороскоп5 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина9 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
