Македонија
Денес е 20-ти мај, Ден на пожарникарите, упатуваме срдечни честитки!

Понекогаш забораваме на овие луѓе кои на момент се најбитен фактор во нашите животи – ризикувајќи ги своите, додека некои не знаат дека и тие имаат свој празничен ден, тоа е денешниот – 20 мај!
Денот 20-ти мај за тие кои не знаат, како ден на пожарникарството се слави бидејќи далечната 1836-та година во Битола е формиран првиот противпожарен одред.
Нашиот медиум срдечно Ви го честита денот, со желби за многу здравје, љубов, бериќет, успеси и што помалку работа и опасност од пламените јазици за Вас и Нас како општество!
Да бидеме општествено одговорни!
Македонија
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба

На 04.07.2025 година во 01:25 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, ги приведоа албанските државјани Ј.Х.(22) и Б.И. (30), поради постоење основи на сомневање за сторено „Илегално преминување на државната граница“ и кривично дело „Незаконит риболов“.
– Тие, со пловен објект биле затекнати на околу 6,5 километри од границата во македонските територијални води по што се обиделе да избегаат.
По известување на јавен обвинител и по преземени мерки, одземени им се пловниот објект, рибарски мрежи во должина од 400 метри, три парчиња риба Охридска пастрмка како и повеќе парчиња риболовен алат и прибор.
Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Скопје1 ден
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Македонија10 часа
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Временска прогноза14 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Временска прогноза2 дена
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Спорт2 часа
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Lifestyle11 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена