Македонија
Од ноќеска поскапуваат сите нафтени деривати, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари за литар и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува 1,50 ден за литар.
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Македонија
Граѓани пријавуваат дека се без електрична енергија

Утрово после 5 часот граѓани до нашиот медиум упатуваат пораки дека нивниот регион нема електрична енергија.
Според исказите, електрична енергија нема скоро секаде.
Подетални информации околу веројатно големиот дефект сеуште немаме, останува да почекаме официјална информација.
Од она што неофицијално стигнува како информација од граѓани е тоа што без електрична енергија бил град Кичево, Прилеп, Битола, додека информација за непланиран прекин во електроснабдување нема истакнато на официјалната страница од електродистрибуција.
Македонија
ОВР Делчево, ДПИ и ДЗС со акциска за угостителски објекти, пронајдена е нерегуларност

На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување извршена е акциска контрола во два угостителски објекти во Македонска Каменица, при што констатирано е кривично дело точење на алкохол на малолетно лице и прекршок присуство на малолетник во угостителски објект после 24:00 часот.
За наведените дејствија ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Исто така од страна на инспексциските служби констатирани се неправилности за што се изречени соодветни мерки, информира МВР.
Македонија
Кумановец управувал возило со 3,46 промили алкохол во крвта

На 16.05.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од с.Долно Којнаре, кумановско.
При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово било сопрено патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,46 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден
-
Кичево18 часа
(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (17 мај)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за недела (18 мај)
-
Скопје2 дена
(ФОТО) Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем
-
Временска прогноза2 дена
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации
-
Временска прогноза1 ден
Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски
-
Временска прогноза1 ден
Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени