Временска прогноза
Денес ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, викендов најава за нов бран на врнежи од дожд
Денес времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно и суво. Односно сончево со мала до умерена локална облачност. Особено долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 1 степен, на планинските места истите се очекува да се спуштат дури и под -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.
Во Скопје и околината денес времето ќе се задржи претежно стабилно и суво со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 9 степени.
Според Попоски од утре попладне и навечер следува период на променливо облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд и снег на ниските, и снег на повисоките места и на планините. Повремено врнежи само од снег ќе има и на некои пониски места.
Поинтензивни врнежи ќе има во сабота особено во попладневните и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон недела. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека пад на истите се очекува за време на викендот, кога ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 6 степени. Минималните температури пак и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.
НАПОМЕНА: Температурите на воздухот кој се очекуваат во следниот период ќе бидат под повеќе годишниот просек, односно ќе биде постудено од вообичаеното.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон со центар над Џенова и истиот ќе условува следната седмица да имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер.
Од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во текот на следната седмица во Македонија. Сепак и покрај ова ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење и сето ова ќе услови да имаме температури над просекот за месец ноември.
Се на се, овие врнежи кои ги најавувам за следната седмица и тоа како може да создаваат проблеми и поплави во регионот, а можни поројни локални поплави се можни и во нашата држава, информира утрово Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така на повеќе места во нашата Македонија очекувам појава на утрински мраз и на слана.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време во погоре споменатиот период. Наутро ќе биде значително поладно со температура која ќе се спушта близу 0 степени а преку ден максималната температура ќе се искачува до околу 15/16 степени.
Да напомнеам дека во ноќните и во претпладневните часови по котлините и по речлните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност која ќе условува и намалена видливост, односно локално маглата ќе биде и доста густа. Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, токму поради очекуваната густа магла по котлините и по речните долини, известува Славчо Попоски, најпознатиот метеороголот од Македонија.
Временска прогноза
Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, информира Славчо Попоски
-
Кичево2 денаОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (13 ноември)
-
Временска прогноза17 часаПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
-
Македонија1 денНов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
-
Хороскоп3 часаХороскоп за петок (14 ноември)
-
Магазин2 денаВашиот WhatsApp станува неосвоив – новата функција целосно ги блокира непознатите контакти
-
Здравје и убавина2 денаНаправете дома природен „Витамин Ц“ напиток
-
Магазин2 денаYouTube наградува лајкови со забавни анимации
