Следете не

Временска прогноза

Продолжува нестабилно и студено време, утринските температури некаде и до -10°C – ова се последните метео вести..

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Во попладневните часови, како и во текот на ноќта ќе има локални врнежи претежно од снег. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски за порталот Еспресо.мк

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови, како и во текот на ноќта локално ќе има услови за провејување на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Според Попоски, утре и понатаму ќе има локални врнежи претежно од снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во јужните и во југозападните предели од државава. Од среда пак па натаму следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време.

Што се однесува до температурите, тие особено наутро ќе бидат доста ниски и на некои места ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени. Пораст на максималните дневни температури се очекува од среда па натаму и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

Временска прогноза

Денес и утре по свежо време, додека викендот пред нас доаѓа топлотен бран со високи температури!

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку посвежо за разлика од вчера со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе дува и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен локален дожд проследен со ретки грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа утре и понатаму ќе се задржи посвежото време, а особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 2 до 10 степени. Максималните дневни пак ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така од утре до сабота времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а услови за поладневна локална нестабилност ќе има во недела.

Што се однесува до температурите тие од петок па за време на викендот повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава, и за викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Автор за Порта.мк: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

на

Попладнево сеуште под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка е МНОГУ ТОПЛО и СПАРНО. Сепак Атмосферата полека се се дестабилизира и локално и тоа особено во западните и северните предели има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На следната карта можете да ги погледнете измерените температури низ Македонија во текот на денешното попладне

 

До крајот на денов  и вечерва и тоа поради продор на студен фронт од север, во Македонија времето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на силен ветер, избегнувајте вашите автомобили да ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.

И во Скопската котлина до крајот на денов и вечрва ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на град.

Утре и во четврток температурите ќе опаднат за 5 до 6 степени во споредба со оние кои ги имаме сега, додека од петок па за време на викендот следува нов ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре во Македонија.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Нагли промени на времето, развој на нестабилност и дожд, па викендов одново пеколни температури – ова се деталите..

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално и тоа особено во западните и во северните предели ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.

Потоа утре и во четврток под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе има пад на температурите за 5 до 6 степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така утре ќе дува засилен ветер од северен правец, а ќе има појава и на повремен локален пороен дожд проследен со појава на грмежи.

Нов значителен пораст на температурите на воздухот ќе има од петок па за време на викендот, и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава.

Напомена: Наглите промени на времето кој следуваат деновиве, особено во поглед на температурите, негативно ќе влијаат врз здравјето на граѓаните, односно овие денови особено кај метеопатите можна е појава на нервоза, болки во коските и на местата од стариете рани, како и повремена нервоза, но и несоница. Доколку граѓаните овие денови почувствуваат значителни здравствени проблеми, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават кај својот матичен лекар за совет.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден44 минути

19 мај – На денешен ден

1635 – Франција и објави војна на Шпанија во Триесетгодишната војна (1618-1648). 1649 – Името Комонвелт се користи за прв...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за 19 мај (четврток)

ОВЕН Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција....

Кичево10 часа

За утре најавен времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево во следните локалитети и живеалишта

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 19 мај 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што...

Спорт11 часа

„Каменица Саса“ го освои фудбалскиот трофеј од Купот на Македонија во големото женско финале против „Асс Јунајтед“

Eкипата на Каменица Саса успеа да го подигне трофејот од Купот на Македонија по одличната игра и убедливо издвојуваната победа...

Здравје и убавина16 часа

Дали луѓето со висок крвен притисок можат да пијат кафе?

Иако нашироко се верува дека кафето го зголемува крвниот притисок, не постои истражување кое потврдува дека тоа е вистина. Експертите...

Магазин16 часа

Првите фотографии укажуваат на тоа како ќе изгледа iPhone 14

Веќе се појавија неколку гласини за претстојната серија модели на iPhone 14. За почеток, познато е дека Apple ќе ја...

Временска прогноза17 часа

Денес и утре по свежо време, додека викендот пред нас доаѓа топлотен бран со високи температури!

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку посвежо за разлика од вчера со повремени локални врнежи од дожд. Локално...

Македонија17 часа

Ново поскапување на бензините од ноќеска, додека дизелот останува не променет – ова е новата цена за литар бензин!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Спорт17 часа

Бараж натпреварот помеѓу Тиквеш и Воска ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица

Бараж натпреварот за Прва МФЛ меѓу екипите на Тиквеш и Воска ќе се одигра на 22. мај во 17:00 часот...

Кичево17 часа

Вчера во Кичево се случиле неколку сообраќајни несреќи во кој има и повредени учесници

На 17.05.2022 во 15.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, во близина...

НАЈЧИТАНИ