Временска прогноза
Денеска облачно и студено, ова е метео прогнозата за следните денови

Под влијание на влажен и СТУДЕН воздушен бран денес времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините.
Врнежите од дожд ќе преминат во снег и на некои пониски места. До утре наутро на повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, и тоа во западните и во југозападните предели локално со висина од над 20 цм, додека на планинските места локално со висина и од над 30 цм. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени-вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски за Еспресо.мк
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и во делови од Скопската котлина. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени. Потоа услови за локални но послаби врнежи од снег ќе има и во првите денови од новата недела која што ни претстои, додека од средината на истата ќе имаме постабилно и релативно суво време.
Сепак студеното време ќе се задржи и понатаму и минималните температури ќ бидат ниски и на некои места ќе се спуштат дури до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава.
Временска прогноза
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен и од југозападен правец. Доцна попладне и навечер ќе има услови за ретка појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.
Потоа во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие остануваат невообичаено високи за овој период од годината и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и максималните дневни темперратури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека пад на истите се очекува од недела.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Вечерва локално невреме во источните краеви на државата – ова се деталите

Доцна попладнево и вечерва и тоа особено во источната половина од државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силени електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално овие процеси можно е да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа во следните денови во претпладневните часови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека во попладневните и вечерните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината , и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и на многу места истите ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата нема да биде стабилна, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Невообичаено високи температури со можност за локално невреме

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и истата условува натпросечно високи температури.
Од денес, па во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во претпладневните часови, додека во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Температурите нема многу да се менуваат во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Мал пад на истите ќе има во понеделник, но потоа температурите ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава во текот на следната недела температурите се очекува да надминат 35 степени.
Автор: Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 27 мај (петок)
-
Македонија14 часа
Предмалку регистриран земјотрес во Македонија
-
Кичево8 часа
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“
-
Култура2 дена
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Автомобили1 ден
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Хороскоп27 минути
Редовен Хороскоп за сабота (28 мај)
-
Магазин2 дена
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7
-
Магазин1 ден
Netflix ги проширува своите функции