Следете не

Македонија

Денес нови 617 заразени од Ковид-19, починале 32 лица – најмладите во билансот се од Кичево и Македонски Брод

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 4.621 тестирање, а регистрирани се 617 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 314
• Куманово – 47
• Струмица – 29
• Штип – 26
• Кавадарци и Кичево – по 19
• Охрид – 18
• Велес, Свети Николе и Радовиш – по 14
• Ресен – 13
• Гостивар и Кочани – по 12
• Тетово и Битола – по 10
• Прилеп и Струга – по 8
• Крива Паланка – 6
• Берово – 5
• Пробиштип – 4
• Кратово – 3
• Гевгелија, Неготино, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 2
• Дебар и Демир Хисар – по 1
Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од:
• Скопје – 250
• Куманово – 24
• Гостивар и Прилеп – по 23
• Тетово – 16
• Велес – 15
• Битола – 14
• Кичево – 13
• Струмица – 12
• Свети Николе – 11
• Штип – 10
• Македонски Брод – 8
• Кавадарци – 5
• Неготино – 4
• Кочани, Кратово и Гевгелија – по 3
• Ресен, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2
• Охрид, Радовиш, Крива Паланка, Дебар и Крушево – по 1
Пријавени се 32 починати лица: 10 починати лица од Скопје (83г, 75г, 74г, 73г, 71г, 69г, 69г, 64г, 63г и 55г), 4 починати лица од Струмица (82г, 70г, 59г и 58г), 3 починати лица од Гостивар (74г, 64г и 53г), по две починати лица од Куманово (66г и 52г) и Тетово (81г и 78г), по едно починато лице од Прилеп (83г), Кичево (41г), Македонски Брод (40г), Кавадарци (71г), Гевгелија (68г), Пробиштип (63г), Богданци (49г), Охрид (80г), Дебар (61г), Струга (86г) и Валандово (81г). Од пријавените 32 лица, 29 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.234.221 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.893 бројката на оздравени пациенти е 165.527, на починати е 6.339, а бројот на активни случаи изнесува 13.027

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Македонија

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Објавено пред

на

©porta.mk

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,635 ден/кг.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Македонија

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Објавено пред

на

ФОТО: Пакетчиња за сите дечиња

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во цела Македонија. Ова е шеста година по ред каде што оваа организација ќе ги израдува најмалите и најмилите, а идејата зад целата акција е да се посетат оние на кои позитивната енергија им е најпотребна, а таа енергија не радува буквално сите и стари и млади.

До сега оваа акција има подарено над 15,000 подароци во изминативе години, а се приклучиле над 2000 индивидиални донатори, фирми и медиуми, како и над 1000 активисти- волонтери кои со свој придонес донесоа радост кај најмалите низ целата држава.

Настаните на ова движење можете да го погледнете на агендата на ПЗСД за 2026та, каде што можете со ваша донација на пакетче да се придружи секој. За донации од странство контактирајте ги на фејбук страницата „Пакетчиња За Сите Дечиња“ – ТУКА

Очекуваме многу позитива, шириње на новогодишната магија и нормално илјадници пакетчиња како и секоја година.

Инаку, порта.мк е дел од оваа структура и партнер на оваа организација од самиот почеток, така што продолжуваме и понатаму

Ова е комплетната агенда:

„Пакетчиња за Сите Дечиња“ 6, Од Народ За Народ.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Македонија

Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија

Објавено пред

на

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
ФОТО: Unsplash.com @ Cassiano K. Wehr

АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината според поставената патна сигнализација и условите на патот, со цел безбедно патување.

Имајте пријатен ден.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт1 час

Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл

Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за петок (19 декември)

ОВЕН Денес ќе ви се чини особено напорен ден затоа што ќе бидете помалку продуктивни од вообичаено, нема да имате...

Кичево16 часа

(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена...

Кичево16 часа

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим...

Македонија20 часа

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза21 час

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па...

Кичево22 часа

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија23 часа

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

Фото: Brooke Cagle @ unsplash Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Магазин1 ден

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може,...

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија

АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината...

НАЈЧИТАНИ