Скопје
Денес посебен сообраќаен режим кај Соборна во Скопје
Денеска 06.01.2024 поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10.30 часот се до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм “Св. Климент Охридски“. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Скопје
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје.
Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна МВР.
Скопје
Скопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци
На 29.10.2025 година во 10:05 часот започна најавениот протест на вработените на ЈП Паркови и Зеленило Скопје присуство на околу 50 граѓани сообраќајот е пренасочен од ул.Френклин Рузвелт до бул.8ми Септември во двата правци не се одвива сообраќај, известува АМСМ.
Скопје
Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје
Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на претседателот на Република Словачка, Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
На 14/15.10.2025 година (вторник и среда) во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Н.Е. г-дин Петер Пелегрини.
На 15.10.2025 година (среда) во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, известуваат од МВР.
-
Кичево8 часа(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
-
Кичево2 часаНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Кичево1 денВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (10 ноември)
-
Здравје и убавина1 денОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
-
Здравје и убавина5 часаДомашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења
-
Хороскоп26 минутиХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Спорт5 часаАталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
