Кичево
Денес уште еден несреќен случај на кичевскиот автопат, настрада жител на Демир Хисар

Денеска (18.03.2023) е пријавено дека околу 10.20 часот, на новиот автопат кај селото Лавчани, кичевско, С.К.(33) од Демир Хисар, додека работел на изведување на градежни работи, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Полициски службеници од ОВР Кичево излегле на местото и извршиле увид.
За порта извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ТППЕ Кичево вечерва спречи поголем пожар на дива депонија помеѓу кичевските села Мидинци и Зајас

Пожар избувнал во 19:08 часот на дива депонија помеѓу селата Мидинци и Зајас (општина Кичево), што предизвикал ширење на оганот кон ниска вегетација и деградирана шума.
Благодарение на брзата координација со Територијалната противпожарна единица Кичево истиот бил изгаснат за кратко време, предмалку информираше за јавноста – ЦУК.
Кичево
(ФОТО) Кога молкот стана глас, а гласот – сила: Кичево денес гласно ја кажа приказната на жените

Во срцето на Кичево, проектот #BeHerVoice, поддржан од Европската Унија и Еразмус+, го обедини гласот на преживеаните, поддржувачите,заедницата и институциите – со една цел, да ставиме крај на тишината за интимно партнерското насилство, вели г-ѓа Фиданоска.
– Организиран од „Саншајн Кидс“ завршниот настан понуди IPV Toolkit – првата алатка од жени за жени, што нуди јасни чекори за излез и поддршка.
– Панел-дискусија со инспектор од ОВР Кичево отвори врата кон институционална соработка. Две силни видео-пораки на присутните им дадоа до знаење за важноста да се зборува гласно
Марија Станојоска, професорка по музика, ја подигнува свеста,
а Ирена де Сомер, македонка-уметница, мајка и преживеана од ИПВ, сподели дел од себе со своето сведоштво.
Во продолжение на #BEHERVOICE иницијативата овие две дами и Саншајн Кидс продолжуваат со активности– за уште погласна борба.
Ова не беше обичен настан. Ова беше почеток на движење.
🔊 #BeHerVoice продолжува – за секоја жена не биде слушната.
Настанот преку фотографија ви го пренесуваме во целост:
Кичево
Кичевчани со мирен собир ќе оддадат почит за Отец Партениј, за неговите 30 години посветени во монашкиот живот

Група граѓани од Кичево за утре 1-јуни најавија мирен собир во знак на почит на владиката Партениј.
Во натпис на нивната официјална фан страна истакнаа дека не смее на овој собир да се фрла темна слика дека собирот има негативна порака, односно дека е против новоназначениот монах, напротив собирот ќе биде исклучиво за 30 годишното монашко служење на Отец Партениј, обединување на народот, помагање, за кој сведочат многу луѓе, за да се слушне гласот од народот, за неговите дела, а гласот на народот е дека треба да има и Втор кандидат а тоа е Игуменот на Бигорскиот Манастир, старецот Партениј.
– Собирот според изворот е закажан за утре (недела) 1 јуни во 19:00ч на градскиот плоштад во Кичево.
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Кога молкот стана глас, а гласот – сила: Кичево денес гласно ја кажа приказната на жените
-
Кичево2 дена
Кичевчани со мирен собир ќе оддадат почит за Отец Партениј, за неговите 30 години посветени во монашкиот живот
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (јуни 2025)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за понеделник (2 јуни)
-
Кичево15 часа
ТППЕ Кичево вечерва спречи поголем пожар на дива депонија помеѓу кичевските села Мидинци и Зајас
-
Македонија1 ден
Бигорскиот Манастир за прв пат се огласи во јавноста по јавните собири
-
Спорт18 часа
(ФОТО) „Градско дерби“, фудбалско надигрување, многу голови и фер плеј – Фудбалот е најубавиот спорт на светот!
-
Македонија24 часа
На место каде е дозволено 60 км/ч, службеници од БПС Гостивар на радар сопреле возач кој „летал“ со 145 км/ч