Следете не

Македонија

Денеска 672 нови случаи на Ковид-19, додека 37 од нив се жители на град Кичево, вкупно до денес активни се 227 пациенти

Објавено пред

на

Денешниот Коронавирус биланс е со 672 нови случаи, од вкупно 6.770 тестирања во изминатите 24 часа. Починати се пет пациенти на возраст од 48 до 85 години, а регистрирани се и 35 оздравени. Бројот на активни случаи се искачи на 4.369.

Како што информира Министерството за здравство, од новозаразените со COVID-19, во Скопје се 230, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар имаат по девет нови случаи, Штип – осум, Кавадарци и Кочани по седум, Велес и Ресен по шест, Прилеп – пет, Македонски Брод – четири, Радовиш, Виница и Валандово по три, Берово и Пехчево бележат по два случаја и по еден во Свети Николе, Крива Паланка и Делчево.

Од пријавените починати лица, по двајца се од Тетово (48г и 66г) и Гостивар (59г и 85г) и еден од Виница (62г). Сите се починати во болнички услови.

Од 35-те оздравени пациенти, од Скопје се 12, Гостивар – девет, Битола и Кичево имаат по тројца, Прилеп и Струмица по двајца, а по еден оздравен пациент има во Куманово, Штип, Кочани и Свети Николе.

Епидемиолошки анализи на заболени и на активни случаи по градови:

Скопје 70 316, Активни 1468

Куманово 9190, Активни 263

Прилеп 8370, Активни 37

Тетово 8356, Активни 976

Битола 6421, Активни 96

Велес 5512, Активни 35

Гостивар 5785, Активни 558

Кавадарци 5202, Активни 44

Охрид 5116, Активни 95

Штип 4996, Активни 30

Струмица 4294, Активни 159

Струга 3079, Активни 96

Кочани 2833, Активни 35

Кичево 2840, Активни 227

Гевгелија 2199, Активни 2

Неготино 2185, Активни 1

Свети Николе 1537, Активни 9

Ресен 1253, Активни 19

Крива Паланка 1231, Активни 4

Радовиш 1187, Активни 23

Берово 1061, Активни 26

Делчево 980, Активни 6

Дебар 1043, Активни 89

Виница 902, Активни 15

Пробиштип 791, Активни 2

Валандово 688, Активни 18

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 400, Активни 0

Демир Капија 399, Активни 3

Кратово 377, Активни 0

Македонски Брод 381, Активни 22

Пехчево 281, Активни 10

Македонска Каменица 250, Активни 1

Дојран 132, Активни 0

Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на КОВИД-дијагностицирани лица достигна 160.571 од направени 1,046.042 тестирања, oздравеле 150.670 пациенти, бројот на  починати е 5.532, а активни случаи има 4.369.

Македонија

ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.

При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.

Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Македонија

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Објавено пред

на

©porta.mk

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.

„Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.

Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.

Прочитај повеќе...

Македонија

Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија4 часа

ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана

Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за понеделник (8 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Размислувате да воведете некои инавации во работата. Подготвени сте да се посветите...

Кичево22 часа

„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на...

Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash
Здравје и убавина23 часа

Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје

Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (7 декември)

ОВЕН Вдишете длабоко и одвојте малку повеќе време за себе. На овој начин ќе сфатите дека ништо нема да се...

Здравје и убавина2 дена

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден...

Временска прогноза2 дена

Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите

Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за сабота (6 декември)

ОВЕН Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете...

Македонија3 дена

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат...

Спорт3 дена

Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа

Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу...

НАЈЧИТАНИ