Кичево
Детали за сообраќајката кај с.Тајмиште – кичевско, учествувале влекач „ман“ со приколка и пмв „Форд Фиеста“

На 16.12.2023 во 16.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, после влез за с.Тајмиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(61) од Куманово и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(29) од с.Инџиково, скопско.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил З.С.(56) од с.Инџиково, сопатникот од возилото „форд“, констатирани во Медицински центар Гостивар.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Кичево, известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
Кичево
Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција

На ден 18.06.2025 со почеток од 08:00 часот редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, на армиското стрелиштето кај селото „Осој“ во близина на Кичево, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето, ЈЗУ „Општа Болница” Кичево и урбаната заедница од селото Осој.
– Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Општа болница“ – Кичево.
Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, за Порта.мк и јавноста истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до надлежната против пожарна единица.
Имено, по претходна пријава на реномирана приватна компанија дека во нивното возило е приметена змија, веднаш интервенираше ТППЕ Кичево.
– Не е прв пат да добиеме пријава на граѓани за ваков или сличен настан. Пред неполна седмица исто така отстранивме змија. Во денешниот случај за два часа безбедно ја завршивме работата и влекачот кој беше долг околу 120см го пуштивме во природа, онаму каде му е местото, за Порта.мк истакна еден од вработените на дежурната екипа од ТППЕ Кичево.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Кичево3 часа
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен
-
Магазин1 ден
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Магазин1 ден
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Lifestyle10 часа
Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате
-
Спорт22 часа
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
Автомобили1 ден
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа