Временска прогноза
Детална метео анализа, доаѓаат поројни дождови и грмежи
Денес и утре продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена облачност. Денес повеќе облачност ќе има во западните предели, додека утре насекаде постепено облачноста ќе се зголемува.
Почнувајќи од утрешната ноќ, па во деновите потоа ќе навлеземе во период кога ќе бидеме под влијание на влажен воздушен бран од запад. Ќе има повремени врнежи од дожд кој локално и повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.
Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, најавува Попоски
Температурите наутро ќе бидат нешто повисоки за разлика од оние кои ги имавме досега, и тоа поради облачноста која ќе биде присутна кај нас.
Максималните пак денес и утре ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 26 степени, додека од вторник па натаму ќе бележат тенденција на мал пад и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
Во Скопје исто така денес и утре времето ќе се задржи стабилно и суво, додека од вторник па натаму ќе растат условите за повремени врнежи од дожд.
Температурите ќе се искачуваат до околу 25 степени, додека ов вторник истите ќе бележат тенденција на не многу голем пад и ќе се искачуваат до околу 20 степени, за Идол вели Попоски.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за петок (29 март)
-
Кичево2 дена
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Кичево11 часа
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Спорт2 дена
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle2 дена
Дали знаете што значи WC?
-
Кичево17 часа
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед
-
Магазин2 дена
iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години