Временска прогноза
Попоски најавува нов бран на дождови од ноќеска
Под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран од Медитеранот, денес и тоа особено од попладневните часови и во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре претпладне на многу места ќе има ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд.
Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 35 л/м2). Ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Во Скопје исто така се очекуваат врнежи од дожд.
Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени.
За време на викендот пак, како и во текот на следната недела ќе има МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце и времето ќе биде стабилно и суво. Температурите ќе бележат тенденција на пораст, за Еспресо истакна Славчо Попоски, еден од најдобрите метеоролози во земјава.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево1 ден
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Временска прогноза2 дена
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Магазин22 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили1 ден
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?
-
Автомобили1 ден
Електрични возила и губење на вредноста