Македонија
Бензините „ситно“ поефтинија, но овој пат со Дизелот поскапи и „авто-плинот“, по оваа цена ќе се продава од денес…
Бензините од ноќеска поевтинија за половина денар, а цената на дизел-горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто.
Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 денес изнесува 85 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 87, Еуродизел (Д-Е V) за 79,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 79 денари за литар.
„ТНГ“ за автомобили или популарно наречен меѓу народот – „плин“ од денес исто така ќе се продава со зголемена цена за литар, односно литар плин ќе се продава за 2,5 денари поскапо или по цена од 41 денар.
Како што знаеме ова гориво не е под Регулаторна комисија за енергетика, така што истата зависи од малопродажните објекти (бензински станици).
На повеќето малопродажни објекти авто-гасот доколку не промениле цена истата ќе ја корегираат цената од полноќ, додека во пракса некои од малопродажните објекти цената ја корегирале заклично со денешниот ден.
Македонија
Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, истакна РКЕ.
Македонија
АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента
Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово известува АМСМ.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
По краткиот прекин предизвикан од според најверојатно технички околности, услугата со „VISA“ картичките е нормализирана и граѓаните повторно можат без проблем да ги користат своите дебитни и кредитни картички при плаќање гориво и други производи, дознава Порта.мк од релевантни извори.
Од денес, на сите бензински станици низ државата што се дел од мрежата на „ЛУКОИЛ Македонија“, плаќањето со „VISA“ картички е повторно целосно овозможено и функционира непречено.
За граѓаните ова значи враќање на целосната функционалност и олеснета услуга при користењето на платежните картички на бензинските станици од „ЛУКОИЛ Македонија“, ширум Македонија.
-
Кичево1 денОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија1 ден„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Кичево9 часаОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза20 часаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Lifestyle8 часа„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Магазин1 денGoogle Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност
