Следете не

Хороскоп

Дневен Хороскоп (четврток 16 јуни)

Објавено пред

на

Овен
Се сомневате во себе и во своите способности и тоа ве кочи на сите полиња, а денес сте особено несигурни во љубовта. Градите ѕид кој треба да ве заштити, но само ве прави осамени.

Бик
Свртевте нов лист и трпеливо работите на решавање на проблемите кои ве вознемируваа во претходниот период. Ова е ваш ден, уживајте во друштво на драги луѓе, ќе ви помогне да соберете енергија.

Близнаци
Постојано барате нови предизвици, едноставно не можете да се одморите. На вашиот партнер му е потребен одмор, а и тој би ви користел. Добар ден да завршите некоја семејна работа, доволно сте одложиле.

Рак
Многу сте активни и друштвени. Би уживале во кратко патување со пријателите за да си ја „расчистите“ главата. Ситуацијата во љубовта не е најдобра, направени се некои грешки, внимавајте да не избрзувате со нови.

Лав
Денеска малку трудете се да ја исчистите куќата, можни се неочекувани гости. Ќе бидете среќни со друштвото, бидејќи во последно време сте прилично осамени. Проверете го крвниот притисок, во последно време не јадете многу добро.

Девица
Гордоста ви пречи да се зближите со личност која долго време ви се допаѓа. Понекогаш е попаметно да се препуштате на чувствата отколку постојано да ги анализирате можните исходи. Спијте повеќе, малку сте исцрпени.

Вага
Стресот си го направи своето и денес се чувствувате поуморно од вообичаено. Би уживале во престојот во природа, би ги наполниле батериите и би се опуштиле. Повикувањето жена ќе ви помогне подобро да ја разберете ситуацијата.

Шкорпија
Конечно имате ден за себе. Направете топла бања, земете добра книга и опуштете се. Треба да се држите настрана од луѓето, оптоварени сте со туѓи проблеми. Убаво е што сте спремни да помогнете, но мора да размислувате и за себе.

Стрелец
Тешко ви е да се опуштите, секогаш има обврски што треба да ги завршите и не можете да се одморите. Не е доволно да се грижите за исхраната, а ваквото однесување може да му наштети на вашето здравје.

Јарец
Премногу сериозно ги сфаќате туѓите проблеми, не треба да решавате се и да им помагате на сите. Бидете малку себични денес. Исклучете го телефонот и одвојте време за себе. Некој во ваша близина чека момент да ви пријде.

Водолија
Ви се отвори нова врата, контактите што неодамна сте ги воспоставиле ќе ви се исплатат. Можно е да започнете приватен бизнис. Денес би било добро да се направи план како да се стартува „машинеријата“.

Риби
Партнерот го паметите со неизвесност, а тоа најчесто е знак дека нешто навистина не е во ред во врската. Најдете време да размислите добро. Дали ви треба таква врска? Наликувајте на себе, можностите се насекаде околу вас.

Хороскоп

Хороскоп за четврток (18 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко хоби. Запишувајте ги вашите мисли и соништа. Следете ги вашите чувства, ќе ве одведат на место на кое не сте очекувале.

БИК
Денес ќе посакате да искажете се што ви лежи на срце. Ќе зборувате со вашите најблиски за вашите чувства. Направете попис на нештата кои долго време не ви користат и треба да се ослободите. Направете простор за нови работи. Тоа ќе ви го разчисти и вашиот ум.

БЛИЗНАЦИ
Вие сте роден мултитаскер но денес ќе морате да ги оставите останатите задачи и да се насочите кон исполнување на една. Немојте да го губите вашето време бесполезно, бидете корисни. Однесувајте се добро кон луѓето околу вас.

РАК
Доколку имате финансиски потешкотии, вашата трпеливост и упорност ќе ве одведат до целта кон нивно надминување. Ќе имате помош од некој верен пријател или ќе ви падне на памет одлична идеа како да ја зголемите добивката.

ЛАВ
Денес ќе брзате во се што ќе правите. Ќе сакате нештата да се одвиваат според вашето темпо и се да се случува одеднаш, но за некои работи е потребно време. Бидете внимателни и рационални, брзањето може да направи да направите погрешни избори.

ДЕВИЦА
Денес е ваш ден, искористете го. Денес ќе бидете спонтани и иако тоа не е типично за вас, тоа е најдобриот начин да остварите се што ќе посакате. Верувајте си на себеси, ќе ги донесете вистинските избори. Бидете практични, ѕвездите се на ваша страна.

ВАГА
Ќе чувствувате потреба да донесете некоја важна одлука во вашиот живот која ќе направи значајна промена во вашето секојдневие. Бидете внимателни при изборот но сепак немојте да одолговлекувате, веќе потрошивте долго време на размислување. Држете ги вашите опции отворени.

ШКОРПИЈА
Денес ќе оставите добар впечаток на некоја важна личност во вашето деловно опкружување и ќе се здобиете со пофалби какви што заслужувате. Ќе се чувствувате самоуверено. Кога се во прашање пријателствата во вашиот живот, верувајте и на вашата интуиција.

СТРЕЛЕЦ
Неодамна започнавте некој проект или работа со голема брзина и сметавте дека досега се ќе биде завршено но нешто го закочи. Немојте да се грижите, неговото довршување е блиску. Вие сте познати по тоа што го зборувате она кое го мислите, но понекогаш треба да внимавате на вашите зборови.

ЈАРЕЦ
Денес ѕвездите ве советуваат да ги закопате воените секири со блиските или некои луѓе од вашата околина со кои долго време сте биле во непријатни односи. Дури и ако чувствувате дека тие се оние кои ви згрешиле, морате да го преземете овој чекор затоа што е клучен за вашиот напредок – бидете први кои ќе пристапите, ќе бидете пријатно пречекани.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе бидете поотворени и покомуникативни. Ќе сакате да зборувате за вашите чувства, а можно е да откриете и некоја ваша тајна. Ќе сакате да ги спуштите ѕидовите пред некој кој го освоил вашето срце.

РИБИ
Денес ќе бидете малку неорганизирани затоа што вашиот ум ќе патува на сите страни. Ќе ви биде тешко да се фокусирате и концентрирате на важните нешта наместо тоа вашата енергија ќе ја трошите на непродуктивни работи. Внимавајте, подоцна тоа ќе ви пристигне на наплата па ќе морате да завршувате повеќе обврски одеднаш.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (17 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од вас и имаат влијание на работите. Затоа поврзете се и не препрашувајте премногу. Следете ги до целта. Љубовта ви се чини дека е далеку од вас, но другите содржини од животот ви даваат сила да ја издржите самотијата или дистанцата во личните односи. Така ќе биде до крајот на оваа седмица.

БИК

Некои ќе отидат на пократок пат или на излет со саканата личност. Ова може да остане во незаборавен убав спомен. Други ќе пречекаат роднини кои ќе ги поврзат со личност која искрено ќе ги заинтересира. Добро ќе се справувате со тешки и значајни теми. Некои ќе бидат изоставени, или пак пред нив ќе бидат поставени поголеми задачи. Од финансиска гледна точка би требало да остварите добри резултати.

БЛИЗНАЦИ

Како што ќе одминува седмицата, сè повеќе ќе сакате да отидете на годишен одмор. Оние кои сè уште не можат, веројатно ќе мораат да се ангажираат околу некои заостанати работи за кои одамна мислеле дека се завршени. Пријатниот амбиент, поголемата отвореност и подготвеноста да го изразите она што го чувствувате како и наклонетоста на другата страна ќе ви ги направат овие денови убави.

РАК

Можеби ќе се чувствувате незаинтересирано за некои позначајни љубовни потфати. Тоа е како резултат на вашата блокираност. Објективно, можни се дискретни уживања кои ќе се помнат.  На дневен ред доаѓаат инвентивности. Ќе има и такви кои дефинитивно ќе завршат една фаза од својата работа. На повидок се нови очекувања, но за нивно остварување ќе треба да се постават нови темели.

ЛАВ

Повеќе би сакале да се повлечете и да работите нешто од дома. Некои ова влијание ќе го искористат за вистински домашни работи, па кога ќе им заврши работното време ќе отидат дома каде ќе се претворат во вистински мајстори. Љубовта во оваа седмица е некаде на страна, тивка и малку скриена.

ДЕВИЦА

Подгответе се за инвентивност или за затворање на деловните фази. Ќе има и такви кои непредвидено ќе отидат на годишен одмор. Овие денови нема да дојде до значително придвижување во вашите приватни односи. Ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, па многумина со зборови ќе го надоместуваат она што им недостасува на емотивно поле.

ВАГА

Пред вас е ден за добри, но не големи љубовни прилики. Искористете го така што ќе ја зајакнете довербата помеѓу вас и партнерот. Исто така би требало да примените самоконтрола бидејќи од време на време ќе реагирате како што не треба. Бидете воздржани. Потрудете се да ја искористите можноста за унапредување на работното место.

ШКОРПИЈА

Од големи идеи и амбиции вие во оваа седмица полека ќе се спуштите на земја. Ќе има помалку соништа, а сè повеќе приземна работа, но тоа нема да ви биде непријатно. Од вас и вашата способност за самоконтрола зависи успехот во вашиот приватен живот. Потрудете се. Можно е да се случи нешто преубаво.

СТРЕЛЕЦ

На работното место ќе се случуваат значајни работи, а работата ќе добие на тежина. Тоа е нешто што го обожувате, па ќе и се предадете на работата без задршка и безрезервно. Мноштвото забави и бројните излегувања на атрактивни места ќе бидат ретко видени доживувања кај вас овие денови. Уживајте, но немојте да заборавите и на оние мали вниманија кои многу им значат на луѓето. Особено на вашата драга личност.

ЈАРЕЦ

Како што одминува седмицата ќе биде сè појасно дека тоа што го работите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите уште повеќе и уште подобро. Се наоѓате во фаза на богат социјален живот, но вашите ново настанати приватни односи ќе бидат од површен карактер. Сепак тоа не значи дека подоцна нема да се развие нешто подлабоко.

ВОДОЛИЈА

Ќе бидете активни во барањето на сродна душа ако сте уште сами. Нема да ви биде тешко да отидете на крајот од светот само да го најдете она што го барате. Оние што се во врска ќе ја изненадат саканата личност со предлози полни со активности и динамика. Посветете малку време и на семејството.

РИБИ

Работите лесно ќе ги завршувате, а вашата самодоверба ќе расте. Многумина овие денови ќе имаат можност да ги покажат и докажат своите способности. Ако сте сè уште сами, дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Тие ве чекаат. Оние што се во врска ќе почувствуваат како се развива нивниот однос во вистинската насока. Ќе им биде мило.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за вторник (16 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи кон партнерот и неговата искреност кон вас. Одлично се чувствувате.

БИК

Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага по нова врска, можеби ќе запознаете токму денес нова личност. Водете сметка за здравата исхрана.

БЛИЗНАЦИ

Доколку сега покажете максимална посветеност, наредниот период ќе во донесе напредок во кариерата каков што не сте очекувале. Многу ви пречи неспособноста на вашиот партнер да прави компромис. Помали проблеми со грлото.

РАК

Ќе ви се укаже можност да остварите дополнителни приходи, но се двоумите дали да ја прифатите бидејќи сте загрижени околу многубројните обврски кои доаѓаат со неа. Во еден момент можеби ќе почувствувате силно чувство на осаменост. Немате проблеми со здравјето.

ЛАВ

Периодот на стагнација во кој бевте досега конечно завршува и уште денес ќе чувствувате голем ентузијазам да го дадете својот максимум. Саканата личност ве повреди многу и не можете да и простите. Можни се проблеми со видот.

ДЕВИЦА

Денешниот ден ви носи многу предизвици и препреки во остварувањето на целите. Не заборавајте дека само со трпение може да ги надминете. Во вашето блиско опкружување постои личност која е вљубена во вас. Потребен ви е одмор.

ВАГА

Денешниот ден ќе ви донесе комплицирана ситуација за чиј резултат ќе одлучи некој ваш претпоставен или соработник. Ве очекува интересен разговор со личноста која ви се допаѓа. Добро ќе ви дојде некоја рекреација во природа.

ШКОРПИЈА

Доколку сте планирале напредок на работното место, сега е вистинско време да се посветите на неговото остварување. Воодушевени сте од подготвеноста на саканата личност за нејзиниот труд и посветување на вашата врска. Добро се чувствувате и здравјето е солидно.

СТРЕЛЕЦ

Денес и мал пад на концентрацијата или немарност може да има долготрајни последици. Внимавајте добро на секоја ваша постапка. Можна е кавга поради различните ставови со партнерот во врска со некое важно прашање. Склони сте кон настинки.

ЈАРЕЦ

Полека се сложуваат сите коцки и сфаќате дека досегашните искуства ви послужиле на некој начин. Имате чувство дека саканата личност крие нешто од вас, но се плашите да си го признаете тоа. Проблеми со здравјето поради стрес.

ВОДОЛИЈА

Сѐ појасно ви е дека условите на моменталното работно место се многу неповолни за вас и подготвени сте да побарате подобра перспектива. Денешниот ден ви носи некаква бурна расправа со партнерот. Водете сметка за стомакот.

РИБИ

Ги избегнувате обврските бидејќи чувствувате дека немате сила на сите полиња да го дадете својот максимум. Би сакале да остварите некоја нова врска, но не можете да најдете личност која ви одговара. Мал пад на имунитет.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје49 минути

МВР поднесе кривична пријава за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривична пријава против М.Д (56), Л.Д. (26), В.М. (43)...

Кичево8 часа

Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст

Со голема радост и духовен трепет од с.Другово известуваат дека на големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, ќе се изврши...

Фото: Sten Ritterfeld @ unsplash Фото: Sten Ritterfeld @ unsplash
Магазин9 часа

Како батеријата на телефонот да трае цел ден? Еве три клучни совети

Денес паметните телефони се незаменливи – ги користиме за навигација, фотографирање, комуникација и пристап до информации во секое време. Но,...

Скопје10 часа

Малолетници на 12 и 14 годишна возраст од угостителски објект одзеле пари од вработени и побегнале, едниот се заканил со остар предмет

На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца...

Спорт11 часа

Просинечки најверојатно ќе биде сменет од селектор на Црна Гора, своето деби го започна со победи над Македонија и Белорусија

Роберт Просинечки повеќе нема да ја извршува функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора. На седницата на Извршниот одбор...

Временска прогноза12 часа

Следната седмица вистинска промена на времето

Невообичани ладни утра за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот се пред нас, а преку денот ќе...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за четврток (18 септември)

ОВЕН Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко...

Технологија1 ден

(ВИДЕО) „DJI“ официјално го претстави својот нов дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 PRO

Предмалку реномираната „DJI“ го претстави новиот дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 Pro кој практично претставува ново ниво...

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили1 ден

Колку се задоволни возачите од реалниот домет на електричните автомобили?

Колку навистина може да издржи едно електрично возило со едно полнење во споредба со бројките што производителите ги ветуваат? Тоа...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате

iOS 26 носи свежи можности и визуелни подобрувања за iPhone, но голем дел од нив не се активираат автоматски –...

НАЈЧИТАНИ